20 Декември, 2025
0.0331

НОВИ ВЕТУВАЊА: Новата грчка влада ја доби довербата од парламентот

Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2015 10:35

Добивај вести на Viber

Новата влада на грчкиот премиер Алексис Ципрас ја доби доверба од парламентот, пренесоа агенциите. Владата беше поддржана од сите 155 пратеници од владејачката коалиција како и од партијата на радикалната левица „СИРИЗА“ и десничарската „Независни Грци“ во 300-члениот парламент.

Во говорот пред пратениците Ципрас ветил дека ќе ја извади Грција од кризата до 2019 година. Тој сака првата проценка на новиот кредитен договор да заврши до крајот на ноември, за да може да започне преговори за отпишување на долгот на земјата пред крајот на годината.

Грција вети дека ќе ја спроведе третата спасувачка програма, која ја договори со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во август во вредност од 86 милијарди евра.

„Ние брзо ќе ја преминеме пречката на првата проценка, ќе ги решиме големите прашања на банкарската рекапитализација и долгот, и ќе продолжиме постепено да ја менуваме Грција“, изјавил Ципрас пред гласањето.

Неговата парламентарна група ќе биде подложена на тест во следните недели за време на гласањето за реформи, зголемување на даноците и намалување на пензиите кои Грција треба да ги направи за да добие транша од три милијарди евра и да одблокира 25 милијарди евра за рекапитализацијата на банките.

До 15 октомври прва серија од 48 реформи треба да се претворат во закони, посочуваат агенциите.

Ципрас вети дека ќе најде начин да се олесни социјалната состојба на најсиромашните Грци и да открие алтернативни мерки за некои од непопуларните политики за кои инсистираат доверителите.

Тој изрази уверување дека во почетокот на 2017 година Грција ќе се врати на пазарите на капитал, што е клучен услов за финансирањето на земјата без спасувачки кредити од европските партнери и Меѓународниот монетарен фонд.

Ципрас беше реизбран на 20 септември за четиригодишен мандат, иако ја напушти реториката против штедењето, која му донесе победа на изборите во јануари. Тој сака да договори отпишување на долгот, за да ги убеди Грците, седум години на економски тешкотии, дека постигнал нешто во замена за пресвртот, кој го направи кога ги прифати условите за штедење кои беа отфрлени во јуни, забележуваат агенциите.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација