20 Декември, 2025
0.0448

Нови задолжувања во 2022: Најмногу за железничко поврзување со Бугарија

Објавено во: Економија 11 Април, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Државата и оваа година ќе се задолжува за проекти кај меѓународните кредитори, според програмата за работа што ја објави Владата за 2022, а најголемиот кредит треба да се подигне за железничкото поврзување со Бугарија.

За време и по летниот период 100 милиони евра ќе се бараат за рехабилитација на третата фаза Крива Паланка - Деве Баир од железничкото поврзување со Бугарија што Министерството за економија треба да го иницира во јуни кај Европската банка за обнова и развој.

Инаку потегот од Крива Паланка до Деве Баир предвидено е да биде најскап и според претходни најави ќе чини 400 милиони евра. На трасата се предвидени 50 мостови и 30 тунели, а најдолкиот тунел ќе минува под Деве Баир и ќе биде долг 5 километри и ќе има граничен премин под земја. само овој тунел ќе чини 70 милиони евра.

Министерството за финансии ќе бара 50 милиони евра од Европската инвестициска банка за дополнително финансирање на тековниот проект„Водоснабдување и одведување на отпадни води во општините“. 

Од истата меѓународна финансиска институција ќе се бараат и 25 милиони евра за хидросистемот Злетовица за наводнување и електрична енергија како втора и трета фаза, од кои оваа последната се состои од изградба на шест хидроцентрали.

Министерството за финансии во периодот што следува ќе бара 15 милиони евра кај Меѓународната банка за обнова и развој за проектот за воведување Интегриран информациски систем за управување со јавните финансии (IFMIS).

- Проектот е од исклучително значење за управувањето со јавните финансии, бидејќи ќе овозможи интегрирано следење на приходите и расходите од нивното планирање до целосната реализација, со што ќе се подобри управувањето со јавните финансии, најави претходно министерот за финансии, Фатмир Бесими, кој дополни дека со овој систем ќе се решат повеќе фискални предизвици, вклучително и реалистичното планирање и повисоката реализација на капиталните инвестиции.

За задолжување кај меѓународните финансиски институции со договор за кредитирање, потребно е претходно Собранието да изгласа соодветен закон за гаранција за враќање на овие задолжувања.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба