19 Декември, 2025
0.1087

Новиот ректор треба да биде  мотор на промените, независен од партиите и власта!

Објавено во: Економија 20 Мај, 2016 08:28

Добивај вести на Viber

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како еден од носечките столбови на образованието и на државноста на Македонија се наоѓа соочен со предизвикот за остварување на џиновски исчекор напред, во друштвото на високонаредените универзитети во дваесет и првиот век, да го даде својот суштински придонес во создавањето на просперитетна држава, општество на добросостојба, преку давање суштински придонес во создавањето  на економија заснoвана на висококонцентрирано знаење. Ова бара поставување на високи цели и темелна реорганизација на универзитетот, заснована на принципите на Болоња, со автономија којашто се потпира на единката со овозможување достап до расположливите ресурси на сите професори и со ставање во центарот на интересот на студентот- вели за Фактор, универзитетскиот професор Ненад Новковски. Овие предизвици според него се главниот мотив да се пријави на конкурсот за избор на ректор на УКИМ. Одредбите од Законот за високо образование коишто ги ставаат професорите во позиција на администратори со преоптоварување со формални обврски и под постојана закана од санкции под неосновани услови коишто служат за заплашување на непослушните, вели професорот Новковски се едни од приоритетните прашања кои би ги решил ако ја добие изборната трка. nenad-novkovski---janevska-ilieva“Како прво, ќе пристапам кон суштинско унапредување на образовниот систем во насока на целосна имплементација на Болоњскиот процес и отстранување на сите кочници на патот на целосната интеграција во заедничкиот европски образовен простор. Ќе предложам укинување на сите постоечки акти, како на универзитетот, така и на државно ниво, коишто ја ограничуваат слободата на инстражувањето и наставата и изнесувањето на сознанијата за сите битни општествени прашања од страна на професорите и ќе ја поттикнувам секоја јавна расправа и изнесување на научно засновани тврдења за сите прашања. Тука спаѓаат актите за основање на т.н. школа за докторски студии којашто ја ограничува слободата на професорите и институтите самите да си креираат програми за докторски студии, на највисоко ниво, со предмети од најголема комплексност. Ќе работам максимално интензивно на привлекување на средства од домашни и меѓународни извори за истражување и апликации, со активирање на огромниот потенцијал што го има универзитетот „Св. Кирил и Методиј“”- објаснува професорот Новковски. Целиот изборен процес за прв човек на најстариот и најреномиран универзитет, според него може да помине со многу притисоци и манипулации бидејќи таквата пракса како што вели е позната од  претходните избори. “На претпретходните избори имаше претставник на студентите  од организација којашто уште не беше формирана. На претходните имаше ужас на избор на спаринг партнер за потоа да се избере со 99 % кандидатот што се планирало. Имаше непосредни притисоци од врвот на власта на сите страни за еден кандидат. За мене тоа не е ништо ново. Јас влегувам во битка со чисти цели и визии за подобра иднина, познат сум од сите аспекти и луѓето можат да се одлучат за мене врз основа на своите согледувања за работите. Сите се свесни дека со мене ќе имаат отворена соработка на принципиелна основа за доброто на сите. Јас ги повикувам сите да се одлучат по својата совест, земајќи ја својата одговорност за иднината на универзитетот и општеството. Јас и експлицитно ги повикувам сите коишто мислат дека јас нe сум најдобриот кандидат за таа функција да не гласаат за мене”- нагласува универзитетскиот професор. Справувањето со најголемите  испади на власта што предизвикаа огромен револт на академската заедница според Новковски треба дабиде приоритетна задача за секој кандидат. Законот за високо бразование вели мора да се врати во рамка на нормативно уредување на дејноста, а не да биде средство за закана на непослушните преку пренормираноста, при којашто и изразено квалитетен професор може да биде избркан додека, од друга страна, лица што не исполнуваат ниту минимални критериуми не само што се толерираат туку добиваат највисоки позиции. Таа негативна селекција потенцира професорот,  мора веднаш да биде запрена и да се постават реалистични едноставни правила со чиешто доследно почитување ќе се негува и развива високиот квалитет на оваа најзначајна високообразовна институција во Македонија. “Сето тоа е поврзано во една иста целина. Автономијата поставена со центар во одделната творечка индивидува овозможува да се активира целата креативна енергија на македонскиот ум и да се  вградат таквите вредности во развитокот и на економијата и на општеството во целина, на демократското општество засновано на почитувањето на индивидуата. Привлекувањето на ресурси од домашни и меѓународни извори врз основа на организиран настап на проекти и апликации, со претходно создавање на административен капацитет на универзитетот за поддршка на активностиет е обемна, а приоритетна задача. Уредувањето на ефикаксното функционирање на оваа изразено сложена и огромна институција е уште еден голем предизвик. И секако, издигнувањето на универзитетот како самостоен битен фактор во општеството независен од партиите и власта, е една од клучните задачи”-смета професорот Новковски. Обврските за престижната и пред се одговорна функција се многубројни и тешки, а тоа вели значи дека на таа позиција треба да се најде човек којшто навистина е посветен на оваа задача, којшто има сила да биде мотор на промените преку коишто универзитетот ќе си ја добие улогата којашто ја заслужува и којашто ја бара нашето општество. Првата задача според професорот Новсковски  е  новиот Ректор да го врати угледот на универзитетот и почитувањето од страна на државата на институцијата и професорите. Конкурсот за избор на нов ректор на УКИМ завршува денеска, а постапката за избор треба да заврши до средината на септември, кога започнува новата академска година.Професорот Ненад Новковски вчера беше единствениот пријавен кандидат. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии