Новиот систем креиран од Интел му нуди на Стивен Хокинг способност за подобра комуникација со светот
Објавено во: Свет 03 Декември, 2014 10:42
Мултидисциплинарен тим на истражувачи од Интел Лабс три години работеше со Хокинг за да го замени неговиот сегашен систем за комуницирање со модерна технологија. Хокинг беше вклучен во процесот на дизајн со обезбедување на континуирани повратни информации за да му помогне на Интел во подобрувањето на системот со секое повторување
“Професорот Хокинг на уникатен начин ја користи технологијата за да комуницира со светот со декади, но неговиот стар систем би можел да се обиде да ги користи денешните модерни апликации и веб страници со компјутер без тастатура и глушец,“ изјави Вен-Хан Ванг, потпретседател и директор на Интел Лабс. “Заедно донесовме холистички подобро комуникациско искуство што допринесува за негова континуирана независност и може да ја отвори вратата кон поголема независност и за други.“
Слично со деловите на моторот и нивната здружена работа за глатко работење на колата, софтверот и кориснички интерфејс изработен од Интел овозможува постоечки и нови технологии ефикасно да работат заедно. Резултатот: Брзината на пишување на Хокинг е двапати поголема, има десет пати подобро извршување на обичните задачи, како и попрецизно и побрзо користење на интернетот, мејлови и документи; зачувување, уредување и промена помеѓу задачите.
Неговиот постоечки сензор кај образот е детектиран од инфраред приклучен на неговите очила преку кои избира карактер на компјутерот. Со интегрирање на софтвер од британската јазично-технолошка компанија SwiftKey* значително се подобри можноста на системот за учење од Хокинг за да ги предвиди следните карактери и зборови со впишување на помалку од 20 проценти од сите карактери.
Овие информации се испраќаат до постоечкиот гласовен систем за тој да може да комуницира со другите преку неговиот Lenovo* лаптоп со оперативен систем Microsoft Windows*. На пример, за да побара информации на интернет, Хокинг претходно извршувал низа команди како навигирање на компјутерски глушец и впишување на текстот што го бара. Новиот систем ги автоматизира овие чекори во еден беспрекорен процес.
Отворен, прилагодлив софтвер
Квадриплегија и МНД афектираат повеќе од три милиони луѓе во светот. МНД ги оневозможува свесните-волеви мускулни активности како зборување, одење, голтање и генерално движење на телото. По природа прогресивно се зголемува неспособноста и може да доведе до смрт.
Лама Нахман од Интел Лабс му се придружи на Хокинг на сцената во Лондон да дадат преглед на тоа како нивната работа може да ја инспирира истражувачката заедница. „Технологијата за оневозможените често претставува поле за докажување на технологијата од иднината, изјави Нахман. „Од комуникации до генетски истражувања, технологијата почнува да отвора врати со можности кои можеме само да ги замислиме.“
Новиот систем на алатки креиран од Интел може да се прилагоди на различни корисници. Овој систем на Интел е модерен софтверски интерфејс за истражувачи и технолози да креираат прилагодени решенија овозможени со допир, трепкање со очи, движења на трепките или други начини на комуникација.
Со тоа што оваа платформа е достапна и бесплатна, Интел и Хокинг предвидуваат дека истражувачките и технолошките заедници - како и оние фокусирани на чувствување, предвидување на текст, контекст и дизајн на кориснички интерфејс - ќе изградат и донесат нови и подобрени решенија на пазарот
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




