28 Април, 2024
0.0301

Новиот VW California пристигна и во Македонија!

Објавено во: Стил 24 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Автомобил за секојдневно уживање, за сите оние со нескротлив авантуристички дух кои сакаат да ги откриваат убавините на различните дестинации. Со место за спиење за четири возрасни лица, кујна и многу повеќе. Вистински мини дом на тркала! Сите оние кои се со нескротлив авантуристички дух, кои ја сакаат спонтаноста и обожуваат престој во природа, кои сакаат исполнет живот, имаат причина да се радуваат! Благодарение на генералниот импортер за Volkswagen Комерцијални возила - Порше Македонија, пристигна петтата генерација од моделот VW California. Урбан, економичен и мултифункционален модел кој годинава прославува 25 - години од своето постоење. Претставувањето на првиот VW California во далечната 1988 година било вистинска револуција, возило дизајнирано специјално за љубителите на одмор со кампување. Четвртина век подоцна, страсни љубители на петтата генерација на VW California се луѓе кои обожаваат долги патувања, кои сакаат спонтано да отидат во природа, да се оддадлечат од градскиот метеж и таму да поминат неколку дена на незаборавен одмор. Со VW California Т5 нема потреба од долго планирање на вашиот одмор, нема потреба од резервација во хотел, доволно е дента нешто да купите за јадење, да имате добра мисла и некаде да отпатувате. А во Македонија навистина има каде! Еден од најпопуларните модели на брендот Volkswagen Комерцијални возила - VW California овој пат импресионира со уште поелегантен дизајн и поголем простор, мултифункционалност и безбедност, како и бројни паметни решенија. Автомобилот е идеален за секојдневно уживање, но и за сите оние кои сакаат да патуваат и истражуваат, притоа да имаат комфорно возење и чувство на слобода на живеењето. VW California плени со својата атрактивност, економичност и практичност. Вистински убавец со комфорен внатрешен простор, со стандардни седишта за четворица патници, опционално и за седум, но и со место за спиење за четири возрасни лица. Совршените пропорции, највисоката прецизност на изработка, јасните и чисти линии обезбедуваат безвременски дизајн кој гарантира дека ова е модел кој ќе биде актуелен и по неколку години. Надворешниот изглед се издвојува со широката странична лизгачка врата со доволно простор за пристап во возилото, како и со специфичен покрив свиткан во задниот дел, карактеристичен за сите претходници на овој модел. Внатрешноста импресионира со високо-квалитетните материјали, беспрекорна финална изработка, најмодерен мултимедијален систем и систем за навигација. Задните седишта се преклопуваат и се добива комфорен простор за спиење за четири лица. Просторот е опремен со повеќенамеснка кујна- модерни кујнски елементи, мал шпорет, мијалник, простор за чување предмети и масичка која се поставува по потреба. Сето ова, камперот од Volkswagen го претвора во вистински мини дом на тркала! Опремен е со сета стандардна безбедносна опрема , како и најсовремените безбедносни системи ABS,ASR,ESP,Hill Hold Assist, но и со системот за стабилизирање на приколката што се добива ако се нарача и системот за влечење. Понудата на мотори се состои од два најсовремени TSI мотори (110 kW/150 KС и 150 kW/204 KС) и пет ТDi и TDi Bluemotion мотори со моќност од 62 kW/85КС до 132 kW/180КС), а може да се одбере помеѓу мануелен или DSG автоматски менувач. Со ова, VW California Т5 е идеален избор за секојдневно уживање, автомобил кој ги комбинира врвниот квалитет и префинетиот ултимативен дизајн на Volkswagen. Посетете го салонот на Порше Македонија и уживајте со најмодерниот VW California!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти