Новите 55 приватни автобуси од денеска во сообраќај низ Скопје
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2025 11:50
Од денеска 55 автобуси од приватните превозници се вклучуваат во јавниот градски сообраќај во Скопје, а до нова година ќе бидат вклучени уште 20 возила, што би требало да го подобри градскиот превоз во главниот град.
Како што најави Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници, имаат еколошки автобуси, а се надева дека ќе се смени возниот ред, за автобусите да пристигнуваат на време, како што пишува на таблите. Тој ветува еколошки, чисти и климатизирани автобуси.
Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на прес-конференција заедно со приватните превозници рече дека покрај постојните, ќе се вклучат и нови автобуси на кои им се дадени лиценци за да се надомести недостатокот од возила во јавниот превоз.
Ѓорѓиевски тврди дека до март следната година, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени уште 80 нови автобуси.
Новите автобуси беа паркирани на паркингот кај салата „Борис Трајковски“ и речиси половина од нив беа со странски регистарски таблички за извоз односно увезени од Словенија и Австрија како користени возила кои треба да поминат царина, хомологација, технички преглед и фарбање во црвена боја пред да се поднесе барање за лиценца до Град Скопје.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




