19 Декември, 2025
0.0384

НОВИТЕ АПЧИЊА ЗА ЛЕКУВАЊЕ КОВИД-ЕФИКАСНИ И ПРОТИВ ОМИКРОН: Наскро на пазарот производите на Мерк и Фајзер

Објавено во: Свет 07 Декември, 2021 13:39

Добивај вести на Viber

Додека експертите се загрижени дека варијантата на корона вирусот Омикрон може да предизвика наплив на случаи и да ја ослабе ефикасноста на вакцините, прозводителите на лекови имаат охрабрувачки вести: наскоро доаѓаат две нови таблети против „Ковид-19“ и се очекува да делуваат против сите верзии на вирусот.

Се очекува американската Управата за храна и лекови, (ФДА) наскоро да ја одобри пилулата што ја развија компаниите Merck и Ridgeback Biotherapeutics, наречена молнупиравир, која го намалува ризикот од хоспитализација и смрт од Ковид-19 за 30 проценти доколку се земе во рок од пет дена од почетокот на симптомите.

Другата антивирусна пилула, развиена од Pfizer, наречена Паксловид, може да има уште подобри резултати. Привремената анализа покажа дека лекот бил 85 проценти ефикасен кога се земал во рок од пет дена од почетокот на симптомите. ФДА може да ја одобри до крајот на годината.

Од почетокот на пандемијата, научниците се надеваа на ваква опција: апчиња што може да ги препише секој лекар и да подигнат во локална аптека.

И овие две таблети можеби се само почеток. Со заканата од Омикрон и другите варијанти научниците велат дека ќе бидат потребни арсенал лекови за да се распоредат против новите непријатели - особено ако тие варијанти ја нагризуваат заштитата на постоечките вакцини.


Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела