18 Декември, 2025
0.0990

НОВИТЕ ДИРЕКТОРИ ГИ ОТКРИЈА: Коце Трајановски, Сашо Клековски и Гоце Димовски си ги објавија платите

Објавено во: Економија 15 Август, 2024 12:50

Добивај вести на Viber

Коце Трајановски, поранешниот пратеник и градоначалник на Град Скопје, си ја објави својата месечна нето плата во анкетниот лист што како нов директор на ЈП „Државни патишта“ го објави до Државната комисија за спречување на корупција.

Трајхановски месечно од „Државни патишта“ ќе добива 162.979 денари, односно 2.670 евра, што најверојатно го прави еден од најдоброплатените функционери во земјата и подобро платен од членовите на самата Влада. 

Сепак неговиот потег е за поздравување, затоа што досега немаше таква пракса функционерите доброволно да ги објавуваат своите месечни примања во анкетните листови. Инаку, воопшто, вистинска енигма се платите на директорите на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост. Нивните коефициенти ги одредуваат самите одбори, а не Владата или пак законските прописи.

Претходната Влада во март им ги намали коефициентите за пресметка на плата на 157 функционери, откако претходно тие фамозно им се зголемија за 78 отсто. Но станува збор за функционери што таа ги именува. Со одлуката се намалија коефициентите на генералниот секретар на владата, владиниот портпарол, националните координатори и нивните заменици, директорите на управите, на инспекторатите, на бироата, државните комисии, агенциите, заводите, фондовите, директорите на затвори, итн.

Коефициентите за функционерите што ги именува Владата се намалија во просек за 12,8 проценти. Сепак, прашање е дали нивните плати се намалија со намалувањето на коефициентите, затоа што просечната бруто плата во меѓувреме се зголеми за 15 отсто. 

Доброволно во анкетните листови своите нето месечни плати ги објавија и Сашо Клековски и Гоце Димовски како нови директори на Фондот за здравство и Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони. На своите „нови работни места“ тие ќе заработуваат по 120.000 денари месечно, односно по 2.000 евра.

Едни од ретките нови директори кои ги објавија своите плати во ДКСК се и Месуд Јакупи на Агенцијата за стоковни резерви (110.000 денари) и Фејсаљ Беадини во Бирото за процена (94.216 денари).

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?