19 Декември, 2025
0.0420

НОВИТЕ ГАЗДИ НА МАКЕДОНИЈА ТУРИСТ ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ОСТВАРИЈА ДОБИВКА ОД 2.3 МИЛИОНИ ЕВРА: Незамислив резултат за последните 5 години наназад

Објавено во: Економија 06 Август, 2025 08:00

Добивај вести на Viber

„Македонија турист“ покажа раст во финансиските резултати во првите шест месеци од годинава. Компанијата за шест месеци речиси ја достигна добивката која ја оствари во 12-те месеци од минатата година, а веќе е далеку над профитот кој бил остварен во претходните пет години.

Во периодот од 1 јануари до крајот на јуни годинава, добивката изнесува 143,653 милиони денари, што е еднакво на 2,33 милиони евра, или близу до целосниот профит од 2024 година од 2,78 милиони евра.

Вкупните приходи за првите шест месеци од годинава пораснале за 57 отсто и изнесуваат 331,833 милиони денари или 5,39 милиони евра. Приходите од продажба на Друштвото пак, се зголемени за 28 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Компанијата на чело со новите управувачки структури за шест месеци од годинава вложила 390.467 евра во градежните објекти, набавка на опрема и за одржување на  постојната опремата во своите објекти, реновирање и модернизација на постојните хотелски и ресторански капацитети.

Новиот менаџмент се сврте и кон инвестирање - за само 6 месеци, инвестирани се над 2,8 милиони евра во должнички хартии од вредност. Извршена е и продажба на сопственички и должнички хартии од вредност во странски правни лица и е остварена добивка од речиси 927.000 евра.

Во 2020 година, оваа компанијата беше во минус од над 575.000 евра, за во 2021 и во 2022 година да прикаже блага позитива во добивката од над 357.616 евра и околу 502.000 евра, добивката во 2023 е 1,56 милиони евра.

Податоците за вкупната добивка на компанијата покажуваат дека лани, „Македонија турист“ има остварено 14,77 милиони евра. Претходно, во 2022 и 2023 година, кога иако имала 4,2 милиони евра и 5,55 милиони евра приходи од продажба, финалниот резултат-вкупната сеопфатна добивка од дејноста била нула евра.

„Македонија турист“ и лани прикажа зголемен профит од 77%, оперативната добивка беше удвоена, а приходите забележаа 21% раст. Резултатите само ја потврдија минатогодишната трка на инвеститорите по акции во овој хотелско-угостителски гигант кој целосно ја промени сликата на акционерската структура во него. 

Сопственичката структура се искристализира иновите газди цврсто газат кон врвот. Нови газди со над 5 отсто од акциите се  „Скопски Пазар“, „Промедика“, потоа „М.Г Фешн“, Симеон Павлов и „Чеза Комерц“.

Во мај годинава, за директор на „Македонија турист“ беше назначен Горан Ташков. Во управниот одбор на компанијата, освен Ташков се и Маја Николовска и Ацо Дудулоски.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии