19 Декември, 2025
0.4488

НОВИТЕ МЕРКИ НА ВЛАДАТА НА УСТАВЕН: Буџетот се полни, граѓаните осиромашуваат!

Објавено во: Економија 18 Април, 2016 08:50

Добивај вести на Viber

Приходите од ДДВ во буџетот во март годинава бележат пораст во однос на лани истиот период. Така ако лани по овој основ во буџетот се слеале 51, 4 милиони евра, годинава во март од ДДВ се собрале 64,3 милиони евра. Дел од економистите коментираат дека порастот на приходите од ДДВ се должи на мерката за намалување на прагот за регистрација на ДДВ обврзници од 2.000.000 денари на 1.000.000 милион денари, што според економистите е потврда дека целта на измените на Законот за ДДВ била да се наполни буџетот. Токму намалувањето на прагот за регистрација предизвика револт кај граѓаните, а деновиве пензионираниот правник Стамен Филипов поднесе иницијатива за оспорување на уставноста на измените во Законот за ДДВ од 2014 година. Кои се најпогодени со измените? Поднесувачот на иницијативата за оспорување на законските измени, Филипов вели дека со измените најоштетени се физичките лица кои имаат приходи од издавање под закуп недвижен имот. -Со новите законски решенија физичките лица кои досега не биле воопшто ДДВ обврзници, сега по автоматизам Управата за јавни приходи ги прави ДДВ обврзници на плаќањето на законски предвидената обврска. Дополнително во пресметката на овој еден милион денари влегува не само 18% ДДВ туку и персоналниот данок, што законодавецот овој факт не го имал предвид при нормирањето на оспорената законска одредба. Пример, закуподавецот остварил приход на име на закупнина на износ од 12.000 денари, а персоналниот данок од 10% на истиот износ го платил закупецот или 1.200 денари. Управата за јавни приходи пресметува и 18% ДДВ на бруто износот од 13.200 денари, а не само на приходот што го остварил, примил на сметка даночниот обврзник, што е потполно неоправдано и надвор од секоја правна и човечка логика, се наведува во иницијативата поднесена од пензионираниот правник Стамен Филипов. При тоа во иницијативата се посочува дека е прекршен членот 1 став 1 од Уставот, кој гласи дека Македонија е и социјална држава, односно се уште имаме сиромашно население.Измените се непропорционални и нехумани и претставуваат дополнително оптеретување за граѓаните, се наведува во иницијативата. - Со воведувањето на ваквата обврска за плаќање на данокот на додадена вредност, особено граѓаните - физичките лица дополнително ќе бидат оптоварени, бидејќи тие според Законот за даноците на имот, веќе се обврзани и плаќаат данок на имот, што не би требало граѓаните едновремено да плаќат две јавни давачки (данок на имот и данок на додадена вредност), што значи дека се воведува двојно оданочување по ист основ, а кое не е во функција за заштита на граѓаните од прекумерно и неоправдано одоначување и правната и социјалната сигурност, поради што ова решение од оспорената законска одредба е во спротивност и со интенцијата на Уставот, изразена во темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија утврдени во член 8 став 1 алинеите 3 и 8 од Уставот - владеењето на правото и социјалната правда.Законодавецот со оспорениот член го менува прагот на регистрација,  односно се впушта во уредување на односи кои претходно биле уредени на начин со кој на субјектите во иднина им се гарантирала една воспоставена состојба, стои во Иницијативата. Филипов вели дека се работи за политичка мерка со која се прекршени многу закони. -Тоа е една политичка одлука на власта и тука се повредени многу закони. Нели државата треба да ја гледа и социјалната сигурност на луѓето? А, овие луѓе плаќаат и данок на имот и ДДВ и уште три – четири други давачки. На овој начин се оштетени голем број граѓани. Се гледа дека намерата е што повеќе луѓе да се оптоварат со овој данок. Државата се задолжи многу пари и сега на овој начин сака да собере пари од државните обврзници. Законодавецот не смее да презема такви драстични мерки, вели Филипов. Дел од даночните експерти велат дека со намалувањето на прагот за регистрација се проширува даночниот опфат, односно бројот на обврзници на данокот на додадена вредност, што крајно ќе значи и поголема сума на даночни приходи во Буџетот на РМ. Во Иницијативата Филипов го повикува Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста на на член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и истиот да го укине или поништи.Исто така предлага Уставниот суд, до донесување на конечна одлука, врз основа на приоритет и итност, да донесе решение за запирање на извршување на поединечните акти или дејствија преземени  врз  основа на оспорената законска  одредба,  бидејќи  со нејзиното извршување, би можеле да настанат тешко отстранливи и ненадоместлии последици и штети, особено за физичките лица, кои се даночни обврзници. Т.С

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?