Новите подваријанти на коронавирусот можат да ги избегнат антителата
Објавено во: Свет 24 Јуни, 2022 07:01
Новите подваријанти на коронавирусот можат да ги избегнат антителата од вакцинација и инфекција.
Омикронските подваријанти BA.4 и BA.5 избегнуваат антитела и кај луѓето кои имале претходна инфекција со ковид и кај оние кои биле целосно вакцинирани, вклучително и со дополнителната доза, според новото истражување од медицинскиот центар Beth Israel Deaconess, кој е дел од Харвард.
Според новата студија објавена оваа недела во New England Journal of Medicine, пренесена од CNN, нивоата на неутрализирачки антитела предизвикани од претходна инфекција или вакцинација се неколку пати пониски во подваријантите BA.4 и BA.5 во споредба со оригиналниот коронавирус.
„Забележавме трикратно намалување на титарот на неутрализирачки антитела предизвикани од вакцинација и инфекција против BA.4 и BA.5 во споредба со подваријантите BA.1 и BA.2, кои веќе се значително пониски од оригиналните варијанти на вирусот“ изјави Д-р Ден Барукс за CNN, автор и директор на Центарот за истражување на вирусологија и вакцини во медицинскиот центар Бет Израел Диконес во Бостон.
Од вирусот починаа најмалку 15 милиони луѓе во светот.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




