19 Декември, 2025
0.2855

Ново државно задолжување! За две тригодишни обврзници за камати ќе платиме 6,2 милиони евра

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2025 07:20

Добивај вести на Viber

Издадени се две обврзници со рок на доспевање од три години на вкупна вредност од 62,9 милиони евра. Каматата на помалото задолжување е 3,65% и на поголемото 3,9% 

Државата позајми 61,9 милиони евра на македонскиот пазар на капитал. Издадени се две нови државни обврзници со рок на доспевање од три години. Обврзниците се котирани на сегментот за тргување со државни обврзници на Македонската берза за хартии од вредност. Купувачи на обврзниците, во најголема мерка, се домашните деловни банки за нив или за нивни клиенти како и инвестициски фондови.

Првата обврзница е на значајно помал износ од втората. Станува збор за задолжување од 10,9 милиони евра на период од три години. Обврзницата на купувачот му носи годишен принос (камата н.з.) од 3,65% и доспева на 17 февруари 2028 година.

Ова значи дека за три години од сега Министерството за финансии како претставник на Владата ќе има обврска да исплати 397.640 евра. Односно на секоја година каматата е 132.547 евра. Секако и главницата и каматата се обврска на сите нас даночните обврзници.

Втората обврзница е со рок од три години и доспева исто на 17 февруари 2028 година. Вредноста на позајмицата што државата ја доби од своите домашни кредитори изнесува 52,02 милиони евра. Годишната камата е 3,9 отсто. Односно 2,029 милиони евра годишно. Или за трите години каматата е 6,086 милиони евра. Тоа значи дека на 17 февруари 2028 година Министерството за финансии на имателите на оваа државна обврзница ќе треба да врати вкупно 58,1 милиони евра.

Вкупно за двете обврзници даночните обврзници по три години од сега треба да вратат 69,14 милиони евра на сега позајмените 62,9 милиони евра.

Н.С.

foto freepik.com/claudiodiv

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии