НОВО од Wizz Air: “Плус билет” – нова категорија на билет!
Објавено во: Економија 18 Мај, 2015 12:10
Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авио компанија во Централна и Источна Европа, ја објави својата нова категорија при купување на нивните авио билети.
“Плус билет” е додатна опција на Wizz Air-овиот “Основен билет” и вклучува поголема флексибилност за патниците.
Како доплнување на авио билетот, “Плус билетот” вклучува 32кг чек-ин багаж, поголем рачен багаж, аеродромски чек-ин, WIZZ Flex за промена на датумот на летот, избор на седиште и приоритетни бординг услуги.
“Плус билетот” им нуди на корисниците пониски пакет цени од “Основниот билет” (обичен авио билет) и износот на одделните услуги, ако се платат поединечно. Со цел корисниците да се насочат кон оваа нова понуда, продажбата на WIZZ Premium и Premium Plus услугите е укината.
“Плус билетот” сега е достапен на wizzair.com, а ќе биде достапен и на мобилните апликации во текот на следните месеци.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




