20 Декември, 2025
0.1027

Ново основно училиште во Чаир, чини 2 милиони евра

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2013 19:30

Добивај вести на Viber

Општина Чаир денеска и официјално го доби новото основно училиште „Конгреси Манастирит“. Има 23 училници, 18 кабинети и 10 канцеларииски, додека изградбата чинела околу два милиони евра. Лентата ја сечеа, меѓу останатите и премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети. За премиерот, ова е најдобриот начин да се прослави денот на албанската азбука. „Со изградбата на новото училиште ќе се излезе во пресрет на потребите на голем број ученици кои во изминатите години одеа во околните училишта, со цел да ги избегнат условите во старите дотраени бараки на старото училиште", рече на отварањето премиерот Никола Груевски, при тоа додавајќи дека најдобар начин да се прослави денот на албанската азбука е да се отвори храм на писменоста и образованието. За министерот за образование Спиро Ристовски , новото училиште има огромно значење за општината, но не одговори зошто на таблата над влезот, нема превод на името на македонски јазик бидејќи  „Конгреси Манастирит“ значи „Битолски конгрес“. „Прашањето е апсолвирано, старото училиште го имаше истото име повеќе од седум години. Училишта со ова име има на повеќе места во Република Македонија и воопшто не е никаква промена на топоними“, рече Ристовски. Капацитетот на ова училиште е 900 ученици во една смена.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии