НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА: Скокаат цените и на бензинот и на дизелот
Објавено во: Економија 26 Декември, 2016
Регулаторна комисија за енергетика реши од полноќ, предновогодишно да ги зголеми цените на нафтените деривати.
Тоа значи дека од ноќеска на полноќ по цени поголеми за два денари ќе се точат и бензинот и дизелот.
Според одлуката на РКЕ Еуросупер БС-95 ќе се точи по 66,5 денари за литар, 98-октанскиот бензин ќе се продава за 68,5 денари.
И дизелот поскапува па ќе се точи по цена од 53,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 42 денари.
Музутот ќе чини 28,109 денар за килограм.