Новогодишните елки поскапени – најмногу барани моделите до 2 метри
Објавено во: Финансии 01 Декември, 2025 07:10
Како што се приближуваат празниците, продажбата на новогодишни елки низ земјава е во полн ек, а цените оваа сезона се нешто повисоки во однос на лани.
Најпродавани се вештачките елки со висина од 150 до 180 сантиметри, чии цени се движат меѓу 2.000 и 6.000 денари. За повисоките модели, до 210 сантиметри, во зависност од квалтетот, купувачите треба да издвојат од 5.000 до 10.000 денари, во зависност од густината и квалитетот на гранките.
Оние што сакаат вистински зимски мирис, сè уште можат да најдат природни елки во расадници и градинарници по цени од 700 до 1.800 денари, но интересот за нив е во опаѓање поради потешкото одржување и потребата за соодветно складирање по празниците.
Трговците велат дека продажбата е најинтензивна токму во последните денови од ноември и почетокот на декември, а годинава сè поголем интерес има за поголеми, пополни елки со лед светилки и природен изглед, кои создаваат ефект како од зимска бајка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?
Нов извештај од Германците покажува: Ова се најдобрите, а ова се најлошите автомобили
„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието
СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра
МФ: Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5%, рочноста 2 години
Цена на златото во 2026 година: Дали историскиот пораст ќе продолжи?
ДАЛИ БИ ПРИФАТИЛЕ ВАКВА ПОЗИЦИЈА ЗА ПЛАТА ОД СКОРО 53 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ? ПИОМ е во потрага по раководител
ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛИДЛ - не залудно е оценета како најдобра компанија




