Новогодишното украсување на Скопје ќе чини речиси 200 илјади евра
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2016
Рекордни суми ќе издвојат и годинава дел од општините кои ќе ги светнат улиците ширум земјава во Новогодишен сјај за пречекот на 2017 година.
Град Скопје годинава за новогодишно украсување ќе „фрли“ 195 илјади евра. Со оваа сума на пари метрополата е рекордер, додека Битола планира да светне за сума од 35.000 евра.
Нешто помалку или 19.000 евра за доловување на новогодишната атмосфера ќе потроши Охрид, а Струмица 35.000 евра.
Најмала сума пари за новогодишно украсување ќе даде Свети Николе или 4.800.
Гевгелија и Тетово ќе издвојат по 19 500 евра, додека од скопските општини Гази Баба ќе искешира 13.700 евра а Кисела Вода 27.500 евра.
Засега само општина Аеродром ќе ја краси општината со купените реквизити од 2010 година и нема да се расфрла со дополнителни средства за Новогодишни украси.
Украсени улиците ќе светат се до дочекот на Стара нова година.