19 Мај, 2024
0.0289

Нудат пари за оние кои на работа ќе дојдат со велосипед

Објавено во: Свет 09 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Ако почнат на работа да доаѓаат со велосипед компанија од Нов Зеланд нуди пари за вработените. Работниците кои доаѓаат и од работа си одат дома со велосипед добиваат по 5 долари дневно. Доколку се одлучни и со ваквата рутина продолжат повеќе од 6 месеци, сумата двојно расте и изнесува 10 долари дневно. Вработените парите ги добиваат како бонус, на крајот од годината, наведува „Гардијан“.

„Подолго време размислував дека би било одлично на некој начин да го промовирам возењето велосипед бидејќи сум посветен велосипедист. Сфатив дека парите се најголемиот мотиватор“ - вели Тим Чезни од маркетинг агенцијата „Мејк колектив“.

Тој раскажува дека се чувствува енергично и дека оваа идеја е одлична. 
Градот во кој е лоцирана оваа компанија, Крајстчрч, има повеќе велосипедисти од кој било друг град во Нов Зеланд и дури 13 велосипедски патеки.

Слични проекти има и во Франција, каде повеќе компании плаќаат за оние кои на работа доаѓаат со велосипед. 

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто