19 Декември, 2025
0.0473

НВИДИА ПОВТОРНО НА ТРОНОТ - официјално највредна компанија во светот, производителот на чипови го надмина и Мајкрософт

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2025 11:48

Добивај вести на Viber

„Нвидија“ го престигна „Мајкрософт“ по пазарна капитализација во вторникот, повторно станувајќи највредната јавно тргувана компанија во светот.

Акциите на производителот на чипови за вештачка интелигенција пораснаа за околу 3 отсто на 141,40 долари во вторникот, а акциите пораснаа за речиси 24 проценти во изминатиот месец, бидејќи растот на компанијата продолжи и покрај контролата на извозот и загриженоста за царините.

Компанијата сега има пазарна капитализација од 3,45 трилиони долари. „Мајкрософт“ го затвори вторникот со пазарна капитализација од 3,44 трилиони долари.

Од минатиот јуни, Nvidia наизменично се наоѓа со Apple и Microsoft на врвот на ранг-листата по пазарна капитализација. Последниот пат кога Nvidia беше највредна компанија беше на 24 јануари.

„Нвидија“ и другите имиња во производството на чипови ги зголемија пазарите во вторникот. Акциите на „Бродком“ пораснаа за 3 отсто, а на „Микрон Технолоџи“ за 4 проценти. VanEck Semiconductor ETF, кој следи кошничка со акции за чипови, порасна за 2 отсто.

Минатата недела, Nvidia објави прилагодена заработка од 96 центи по акција, при продажба од 44,06 милијарди долари во првиот фискален квартал. Ова претставува зголемување од 69 проценти во однос на претходната година, што е неверојатна стапка на раст за компанија толку голема како Nvidia.

Растот на Nvidia е поттикнат од нејзините чипови за вештачка интелигенција, кои компаниите, вклучувајќи ја и OpenAI, ги користат за развој на софтвер како ChatGPT.

Компании како што се Microsoft, Meta, Google, Amazon, Oracle и xAI купуваат акцелератори за вештачка интелигенција на Nvidia во огромни количини за да изградат сè поголеми кластери од компјутери за напредна работа со вештачка интелигенција.

Nvidia е основана во 1993 година за да произведува чипови за 3D игри, но доживеа бум во последниве години откако научниците и истражувачите открија дека истите дизајни на чипови на Nvidia кои можат да прикажуваат компјутерска графика се идеални за паралелно процесирање потребно за вештачка интелигенција.

Во меѓувреме берзите исто така со раст. S&P 500 порасна во вторникот за 0,58 отсто и затвори на 5.970,37 поени, силно поддржан од акциите на технолошките компании, особено лидерот во развојот на чипови за вештачка интелигенција - Nvidia.

Dow Jones зајакна за 0,51 проценти (42.519,64), додека Nasdaq Composite забележа раст од 0,81 отсто (19.398,96).

Експертите истакнуваат дека пазарот реагира на оптимизмот за можен трговски договор меѓу САД и Кина. Аналитичарот на „Ведбуш секјуритизи“, Ден Ивс, изјави дека претстојниот разговор меѓу Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг би можел да има позитивно влијание врз односите меѓу двете светски сили - а „Нвидија“ би можела да биде директен корисник на договорот.

Сепак, аналитичарите предупредуваат на можни неуспеси. Сем Стовал од CFRA Research вели дека пазарот би можел да остане во зоната помеѓу 5.700 поени и февруарскиот максимум сè додека не бидат објавени појасни податоци за БДП, корпоративните приходи и трговските мерки - што не се очекува до јули.

Во меѓувреме, ОЕЦД ја намали својата проценка за раст на американската економија: од 2,2 отсто на 1,6 проценти за 2025 година. Причината? Тарифи, трговски тензии и политичка несигурност.

Кина веќе возврати со обвинувања - Пекинг тврди дека САД не се придржуваат до претходниот трговски договор, додека Трамп рече дека наскоро ќе разговара со кинескиот лидер за трговијата.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии