Обама бара дозвола за напад на Исламската држава
Објавено во: Свет 11 Февруари, 2015 19:07
Претседателот на САД Барак Обама денеска од Конгресот побара формално да употреби воена сила против групата на Исламската држава, со аргументи дека екстремистите може да станат закана за безбедноста на САД, ако им се дозволи да дејствуваат непречено.
Обама на Конгресот му упати писмо и предлог резолуција и ги повика членовите на истиот да му покажат на светот дека успеале во нивната решеност да и се спротивстават на таа закана.
Во писмото на членовите на Конгресот и нацртот на резолуција во три страни во која агенцијата АП имала увид, Обама навел дека Исламската држава „претставува закана за народот и стабилноста на Ирак, Сирија и широкиот Блиски исток и националната безбедност на САД“.
Предлогот на Обама покренува идеолошка дебата за тоа кои овластувања и ограничувања треба претседателот да ги има во борбата против екстремистите. Потврдата на убиствата на 26-годишната хуманитарна активистка Кајла Милер пред упатувањето на резолуцијата дало додатна итност за предлогот на Обама додека скапите долготрајни војни во Ирак и Авганистан за некои пратеници претставуваат предупредување дека тоа би можело да биде вложување во уште една продолжена воена кампања.
Обама предлага ова овластување да се ограничи на три години. Тој предлага да не се воведува географско ограничување за тоа каде американските сили може да трагаат за екстремистите. Овластувањето се однесува на припадниците на Исламската држава како и на лица или сили поврзани со нив, што се дефинираат како личности кои се борат во име или со Исламската држава.
Обама вели дека со оваа резолуција не се одобруваат долготрајните, обемни копнени операции како што се спроведени во минатото во Ирак и Авганистан, со аргумент дека тие борби треба да ги водат локалните сили.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




