19 Декември, 2025
0.0416

Обама и Путин се сретнаа, ама немаа можност за сериозни разговори

Објавено во: Свет 10 Ноември, 2014 20:20

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Владимир Путин заедно во Пекинг учествуваат на средбата на организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК). На маргините на состанокот кратко се сретнале, но немале можност да влезат во посуштински разговори, потврди Кремљ. „Вистина е дека тие се поздравија, но немаа можност за посериозен разговор. Тоа беше само краток контакт на маргините на состанокот на АПЕК“, изјави портпаролот на Путин Димитриј Песков. Тој додал дека двајцата лидери едвај размениле неколку збора, но оти се надеваат дека во следните неколку дена ќе имаат можност да разговараат. Средбата меѓу Обама и Путин е во фокусот на јавноста заради екстремно заладените односи меѓу двете земји заради кризата во Украина. Вашингтон заедно со ЕУ воведе санкции за Москва, што ги донесе односите меѓу САД и Русија речиси на ниво од Студената војна. Темата на денешниот петминутен разговор меѓу двајцата претседатели во комплексот „Водена коцка“ во Пекинг не е позната, но се претпоставува оти повторно украинската криза била неизбежно на маса. Средбата на лидерите од 12-те земји од т.н. пацифички прстен се фокусираше на зголемување на соработката, а не помина незабележано ветувањето на Обама дека САД ќе воведат нова визна политика за Кина, со која на кинеските граѓани ќе им издаваат визи вотраење од десет години, наместо како досега на една година.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја