19 Декември, 2025
0.1217

Обама му ветил на Оланд дека ќе стави крај на прислушкувањето

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2015 20:34

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот француски колега Франсоа Оланд разговарале по телефон за откритијата на Викиликс за американско прислушување на тројца француски претседатели, пренесоа светските агенции.

Во телефонскиот разговор Обама му повторил на Оланд за ангажманот на САД да стават крај на праксата од минатото, и се сметаат за неподобни меѓу сојузниците во областа на шпионажа, пренесе „Франс прес“, повикувајќи се на соопштение на француското претседателство.

„Викиликс“: САД ги шпионирале тројцата последни француски претседатели

Разговорот бил по иницијатива на Оланд и следат откритијата на Викиликс во печатот за американска шпионажа на тројца француски претседатели од 2006 година до 2012 година.

Телефонскиот повик бил повод за двајцата лидери да разговараат за принципите кои треба да ги раководат односите меѓу сојузниците по прашањето за разузнавањето, се наведува во соопштението.

Претседателот Обама ја повтори недвосмислено својата цврста решителност, во ноември 2013 година по аферата со Едвард Сноуден и потсетува за време на државната посета на Франсоа Оланд во САД во февруари 2014 година, имено, дека САД ќе стават крај на практиките кои постоеле во минатото и кои се неприфатливи меѓу сојузниците, се прецизира во соопштението во врска со телефонскиот разговор.

Француските разузнавачки шефови во брзо време ќе го посетат Вашингтон, за да ја продлабочат соработката во оваа насока, дополнува „Франс прес“.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела