19 Декември, 2025
0.0403

Обама предупредува, Конгресот итно мора да се договори за долгот на САД

Објавено во: Свет 20 Февруари, 2013 09:35

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама почна кампања за алармирање на јавноста за заканата од должничката бездна, која ќе настапи на почетокот на март доколку демократите и републиканците не постигнат договор за натамошниот тек на задолжувањето на САД. Привремениот договор постигнат на почетокот на годинава овозможи двомесечно финансирање на буџетскиот дефицит, но САД ја достигнуваат границата на задолжувањето овозможена со оваа мерка во следните десетина дена. Обама вчера ја предупреди нацијата дека доколку задолжувањето не продолжи, ќе дојде до кастрење на голем број секојдневни услуги. "Агенти на ФБИ ќе бидат ставени на принуден одмор. Јавните обвинители ќе мора да престанат да работат на случаите и да пуштат криминалци да излезат на улица. Илјадници учители ќе бидат отпуштени. Десетици илјади родители ќе мора да се снаоѓаат без градинки за нивните деца. Стотици илјади Американци ќе останат без пристап до основната здравствена нега, и до мерки како што е вакцината против грипот и скенирање за рак#, изјави претседателот Обама барајќи од Конгресот да реагира за да се запази рокот од десетина дена за постигнување договор. Договорот наречен секвестер, постигнат во 2011 година, предвидуваше дека, доколку двете најголеми партии во САД не постигнат согласност за справувањето со огромниот долг, кој изнесува 16,5 трилиони долари и расте за трилион секоја година, автоматски ќе бидат спроведени мерки на кратење во армијата, социјалните програми и голем дел од други активности на Владата. Изборите во ноември 2012 година не го сменија односот на силите во Вашингтон, при што демократите ја имаат Белата куќа и Сенатот, а републиканците победија во изборите за Претставничкиот дом, и останува обврската двете страни да постигнат договор за зголемување на долгот над законски поставените максимални 16,4 трилиони долари, или за намалување на расходите. Во отсуство на договор, доколку настапи секвестерот, Секретаријатот за одбрана најави дека денес ќе ги информира своите 800.000 цивилни службеници дека може да очекуваат испраќање на принуден одмор. Други институции, како затворите, воздушната пловидба и секретаријатот за здравство најавија дека работат на планови како да продолжат со нужните активности, а да скратат од помалку важните дејности што ги вршат. Сепак, Њујорк тајмс оцени дека претседателот Обама ја преувеличува заканата и дека секвестерот предвидува во текот на годинава само околу 85 милијарди долари реално да бидат скратени од државниот буџет.Вкупните заштеди, предвидени со овој договор, ќе бидат околу 2,4 трилиони долари во текот на 10 години.  

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела