20 Декември, 2025
0.0423

Обама: Санкциите ја „поразија“ Русија

Објавено во: Свет 30 Декември, 2014 10:22

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател, Барак Обама, соопштил дека „стратешките санкции против Москва ефикасно ја поразиле руската агресија на претседателот Владимир Путин во Украина“. Во интервјуто кое беше објавено во понеделникот, Обама потсетил дека „рускиот претседател со својата брзоплета анексија на Крим и инвазија на некои области во Источна Украина убедил голем број експерти и во Вашингтон дека е генијалец“. Неагресивниот одговор на американската администрација, иако, како што навел Обама, нервирал голем број јастреби меѓу Републиканците, кои се залагале за поостар одговор, се покажал како поефикасен на долги патеки бидејќи „санкциите ја погодиле руската економија“. „Во тоа време реков дека не сакаме војна со Русија, но дека можеме да примениме соодветен притисок во соработка со европските партнери“, рекол Обама во интервјуто за радио „NPR“. Американскиот претседател објаснува дека единствено цените на нафтата ја одржувале руската економија и дека било познато оти со притисокот на санкциите, „кога и доколку“ би дошло до промена на цената на оваа суровина, Русија ќе се соочи со големи потешкотии. Економските показатели укажуваат дека Русија се движи во правец кон рецесија, а претседателот Путин се соочува со првото опаѓање на националната економија од 2009 година. Рубљата годинава изгуби 40 отсто од својата вредност, најмногу благодарение на силниот пад на цената на нафтата на светските пазари во последните шест месеци.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја