20 Декември, 2025
0.0405

Обама заврши во болница заради воспаление на грлото!

Објавено во: Свет 07 Декември, 2014 10:15

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама вчера итно е префрлен во Воената болница „Волтер Рид“, откако се пожалил на силно воспаление на грлото. Лекарите констатирале дека тој страда од гастроезофагеален рефлукс, пореметување на желудникот кое е проследено со болка во грлото, повраќање и желудочни киселини. Неколку часа пред да биде префрлен во болница, Обама го надгледувал отоларинголог кој бил повикан во Белата куќа. Тој утврдил дека грлото на американскиот претседател е благо отечено, па препорачал дополнителни истражувања во болница, вклучително и ЦТ скенирање. Болницата „Волтер Рид“ важи за една од најдобрите во САД, но од Белата куќа тврдат дека Обама отишол таму затоа што му била најблиску, а имал претходно закажани обврски. Наодите од дополнителните испитувања биле уредни, па откако го констатирале пореметувањето на желудникот кај американскиот претседател, лекарите веднаш му препишале соодветен третман. Откако станал претседател Обама немал многу здравствени проблеми, а по последниот систематски преглед во мај лекарот соопштил дека здравјето на претседателот е во најдобар ред. Според лекарите, гастроезофагеалниот рефлукс лесно се третира, понекогаш само со промени во исхраната или со лесна терапија со лекови кои го намалуваат количеството на киселини во желудникот. Инаку, американскиот претседател беше страствен пушач, но неодамна ги оставил цигарите благодарение на никотинска гума за џвакање.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја