15 Мај, 2024
0.0271

Обединетите нации го започнаа најголемото испитување на јавното мислење во светот за климатските промени

Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Познати личности и младински активисти денеска имаа средба со претставници на Обединетите нации, претставници на влади и на невладиниот сектор, со што почна кампањата Мисија 1.5 чија цел е да ги приближи ставовите на граѓаните и владите во однос на сеопфатните активности против климатските промени. 

Мисија 1.5 има за цел да им даде можност на 20 милиони луѓе од целиот свет да го кажат своето мислење, да дадат предлози за начините за намалување на климатските промени кои сакаат да бидат усвоени од владите во нивните земји. Со кампањата, водена од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП),  треба да се надминат разликите меѓу граѓаните и владите, прашање кое се повеќе е во фокусот на јавното мислење на граѓаните низ целиот свет, често проследено со училишни штрајкови и масовни протести.

Во основата на кампањата е видео игра на интернет која може да се инсталира на мобилен телефон,  и е направена од УНДП со помош на експерти за игри, експерти за климатски промени и за анкети за испитување на јавното мислење. Во играта, учесниците имаат улога на креатори на политики за климатски прашања кои донесуваат одлуки со кои глобалното затоплување ќе се контролира под границата од 1,5 степени целзиусови.

Откако ќе ја изиграат играта, од учесниците ќе биде побарано да гласаат за клучни активности поврзани со климатската акција кои тие би сакале да бидат усвоени. Резултатите ќе бидат анализирани и предадени на владите, кои често немаат пристап до соодветни информации за тоа што мисли јавноста за климатската акција.

Во претходното најголемо меѓународно истражување на јавното мислење за климатските промени учествуваа 10.000 луѓе од 76 земји и беше спроведено пред разговорите за климатските промени предвидени со агендата Париз 2015.

Играта Мисија 1.5 е достапна на www.mission1point5.org и може да ја играат луѓето од која било земја во светот.

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во земјата работи повеќе од 20 години на прашањата поврзани со животната средина и климатските промени и спроведува бројни активности и проекти во партнерство со државните, локалните и научните институции, како и со невладиниот сектор. За подобра соработка и размена на искуства за прашања поврзани со климатските промени, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање УНДП разви и националната веб страница: www.klimatskipromeni.mk која треба да прерасне во национална платформа за #КлиматскаАкција.

Во врска со глобалната кампања која почнува денеска, администраторот на УНДП, Аким Штајнер изјави: "Заедно со нашите партнери од приватниот и јавниот сектор, имаме можност преку оваа кампања да поврземе милиони луѓе со нивните влади и да ги вклучиме во иновативна, двонасочна дискусија околу решенијата за климатските промени и да ги подигнеме очекувањата од разговорите за климатските промени COP26 кои ќе се одржат во Глазгов оваа година“.

Можеби ќе ве интересира

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција