„ОБЕЗБЕДЕНИ 42,3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА“: Министерство за енергетика за новата програма за заштита на ранливи потрошувачи
Објавено во: Економија 31 Јули, 2025 09:30
Донесена е Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година во насока на унапредување на енергетската заштита и поддршка на граѓаните кои се соочуваат со социјални и здравствени предизвици, соопштува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
- Со оваа Програма се обезбедуваат 42.300.000 денари од државниот буџет, наменети за директна финансиска поддршка за најзагрозените категории на граѓани.
Програмата има за цел да обезбеди достапна и сигурна енергија за оние на кои им е најпотребна. Средствата се наменети за директна финансиска поддршка за домаќинства што живеат во енергетска сиромаштија, со особен фокус на лицата со попреченост и оние кои користат гарантирана минимална помош - нагласуваат во соопштението од Министерството.
Објаснуваат дека корисници на оваа програма се домаќинствата кои остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси, како и домаќинства во кои живеат лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепи или потполно глуви лица.
За овие семејства Програмата предвидува месечна поддршка во висина од 1.000 денари, што директно ќе се одбива од фактурите за потрошена електрична енергија, почнувајќи од месецот на поднесување на барањето, во времетраење од 12 месеци.
Финансиската поддршка ќе се доделува според принципот најниски приходи, се до исцрпување на средствата и тоа:
- 2.300.000 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее лице/лица со тешка или длабока интелектуална попреченост,
- 19.000.000 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее лице/лица со најтешка телесна попреченост,
- 9.000.000 денари од вкупните средства ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее потполно слепо лице и
- 12.000.000 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее потполно глуво лице.
Заинтересираните граѓани ќе можат да аплицираат преку јавен оглас кој ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за енергетика (www.energy.gov.mk) и во два дневни весници.
Огласот ќе биде со рок за пријавување од 30 дена. Образецот за пријава ќе биде достапен на интернет, како и во архивата на Министерството, а апликантите ќе треба да приложат и документи со кои ја докажуваат исполнетоста на условите за финансиска поддршка.
- Распределбата на средствата ќе се врши согласно специфичните потреби на целните групи: 2,3 милиони денари се наменети за домаќинства со лица со тешка интелектуална попреченост, 19 милиони за домаќинства со најтешка телесна попреченост, 9 милиони за домаќинства со потполно слепо лице и 12 милиони денари за оние со потполно глуво лице.
Процедурата за селекција ќе ја спроведат четири комисии составени од вработени во Министерството, поделени според видот на попреченост на лицето во домаќинството. Комисиите ќе ги разгледуваат пристигнатите барања и ќе утврдат кои кандидати ги исполнуваат условите. Списокот на корисници кои ќе добијат финансиска поддршка ќе биде јавно објавен - појаснуваат од Министерството.
Воедно додаваат дека шрограмата предвидува и дополнителни мерки за олеснување на енергетскиот пристап, вклучувајќи ослободување од трошоци за повторно приклучување, приоритет во отстранување на дефекти и мерки против исклучување поради неплатени сметки во зимскиот период. Со ова се гарантира дека ниту едно домаќинство кое се соочува со социјален или здравствен ризик нема да остане без основна енергетска поддршка.
Сите информации, јавниот оглас и образецот за пријава ќе бидат достапни на веб-страницата на Министерството: www.energy.gov.mk.
Од Министерството апелираат сите кои исполнуваат услови навремено да се информираат и да аплицираат во предвидениот рок.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на создавање на фер и одржливо енергетско општество, во кое секој граѓанин има пристап до основните потреби за живот – особено оние на кои тоа најмногу им е потребно.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




