19 Декември, 2025
0.1264

Обезглавениот човек во Франција бил работодавец на главниот осомничен

Објавено во: Свет 26 Јуни, 2015 21:15

Добивај вести на Viber

Четири лица, вклучувајќи го и главниот осомничен се уапсени за нападот во Франција. Ова го објавија од француското обвинителство, кое откри детали за нападот, пренесува „Гардијан“.

Главниот обвинител изјавил дека четворица соучесници се уапсени за нападот и дека веќе се сослушани. Осомничениот, неговата жена и сестра се дел од овие уапсени.

Обезглавениот маж бил работодавец на осомничениот, било соопштено од обвинителот.

Обвинителот истакнал дека телото на жртвата, која е на 54-годишна возраст, е најдено до автомобилот на осомничениот, каде е пронајден исто така и ножот со кое било сторено делото. Обезглавениот маж бил раководител на транспортна компанија.

Главниот осомничен е Јасин Сали. Тој е роден на 25 март 1980 година. Работел за истата транспортна компанија која е управувана од страна на убиениот маж. Сали има три деца и е женет. Не е осудуван. Од 2006 година француското разузнавање го следело Јасин Сали поради „радикални исламски активности“. Помеѓу 2011 и 2014 година француските служби го уапсиле за врски со групи во реонот на Лион.

На прес-конференцијата било соопштено дека дел од хангарот во фабриката е разрушен. За време на нападот имало 43 лица во американската фабрика.

13 од вработените се уште не можат да се ослободат од шокот.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела