Објавен конкурс за волонтери во државните институции, сите студенти можат да аплицираат
Објавено во: Економија 17 Јуни, 2013 12:14
Сите студенти од Република Македонија ќе можат да се пријават на оглас до 21 јуни за волонтери во државните институции, каде што за сработеното ќе добијат надомест од 4.000 до 4.500 денари.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, информира дека заинтересираните во апликацијата треба да приложат мотивациско писмо, кратка биографија и фотокопија од индекс. Откако приложените апликации ќе бидат разгледани студентите ќе бидат повикани на интервју. Оние што ќе бидат примени ќе почнат да волонтираат од 1 јули годинава.
Во рамки на овие два ипол месеци работа во рамки на овие две институции, како што рече владиниот портпарол, студентите ќе добијат надомест по основ на волонтирање кои ги покриваат трошоците за превоз и храна, во висина од 4.000-4.500 денари месечно, што значи дека нема да имаат некои трошоци и дополнителни издатоци за работата во рамките на овие две институции.
„Апелираме до приватниот сектор до компаниите и реалниот сектор и тие што повеќе да бидат вклучени во овој процес и да им дадат шанса на младите особено во текот на летото да може да се запознаат и да вршат работи кои се базирани на работата на приватниот сектор“, рече Ѓорѓиев.
Тој нагласи дека волонтерството во Кабинетот на премиерот, се реализира веќе седум години, а останатите државни институции постепено го следат тој пример.
„Овој процес кој го започнаа овие две институции од пред неколку години се реализира дава ефекти, лицата кои волотираат добиваат волонтерска книшка која е значајна референца во нивниот понатамошен професионален развој“, рече владиниот портпарол, кој најави дека и Министерствата за правда, образование и наука, здравство, труд и социјална политика, наскоро ќе распишат оглас за волонерство во нивните институции.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




