09 Јуни, 2023
0.0336

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелашите и бензинците

Објавено во: Свет 21 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Европската комисија предложи да се дозволи продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување дури и по 2035 година, доколку тие се климатски неутрални е-горива, покажа документот што го виде британската агенција Ројтерс.

Попуштајќи на германскиот притисок, Комисијата сугерираше дека таквите возила би можеле да бидат меѓу дозволените од 2035 година, под услов новите технолошки решенија да го спречат нивното возење доколку се користат други горива освен еколошки, според предлогот на Комисијата до германското Министерство за транспорт.

Во понеделникот беше објавено дека разговорите со Комисијата за планираната забрана за нови мотори со внатрешно согорување од 2035 година напредуваат, но дека не може да каже кога ќе биде постигнат договор.

Опозицијата на Германија

По неколкумесечни преговори, Европскиот парламент, Европската комисија и земјите-членки на Европската унија минатата година се согласија на закон со кој од 2035 година ќе биде невозможно да се продаваат автомобили со мотор со внатрешно согорување.

Но, Германија го објави своето противење во последен момент овој месец, барајќи да им се дозволи на новите автомобили со мотори со внатрешно согорување да се продаваат по тој датум доколку се напојуваат со е-горива.

Француската министерка за европски прашања го отфрли германското спротивставување на законот со кој се бара новите автомобили што се продаваат во ЕУ да бидат со нулта емисија на штетни гасови од 2035 година и рече дека таа треба да го поддржи претходниот договор.

„Треба да се држиме до договореното. Не се сомневам дека Германците ќе најдат договор со своите колеги за ова“, изјави француската министерка Лоренс Бун за новинарите во Брисел.

Не останува уште многу време

Комисијата има мал простор за маневрирање за да постигне договор, бидејќи Европскиот парламент рече дека нема повторно да го отвори конечниот текст договорен минатата година. А има уште многу малку време до европските избори следната година. „Не можеме ни да си дозволиме да бидеме ставени под временска криза бидејќи го оставивме прашањето отворено со месеци“, рече претходно германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг, тврдејќи дека Комисијата требаше да го реши ова прашање минатото лето.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Ајкула уби 23 годишен Русин во Хургада

(ВИДЕО) Ајкула уби 23 годишен Русин во Хургада

Сириецот кој изврши напад во Франција, носел крст и молитвеник

Сириецот кој изврши напад во Франција, носел крст и молитвеник

(ВИДЕО) Кои градови се најдобри за живот за пензионери?

(ВИДЕО) Кои градови се најдобри за живот за пензионери?

Азилант од Сирија e напаѓачот кој ги избодел четирите деца во Франција

Азилант од Сирија e напаѓачот кој ги избодел четирите деца во Франција

(ВИДЕО) ДОБИ АПЛАУЗ: Италијанска пратеничка го доеше своето дете на седница во парламентот

(ВИДЕО) ДОБИ АПЛАУЗ: Италијанска пратеничка го доеше своето дете на седница во парламентот

ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА - напаѓач избоде со нож шест мали дечиња, две се во критична состојба

ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА - напаѓач избоде со нож шест мали дечиња, две се во критична состојба

ФОРИН ПОЛИСИ: Путин е во тесно, Русија се повеќе наликува на држава што се распаѓа

ФОРИН ПОЛИСИ: Путин е во тесно, Русија се повеќе наликува на држава што се распаѓа

„ВАКА ИЗГЛЕДА РАКОТ, СЕГА И МЕТАСТАЗИ ВО МОЗОКОТ“: Шенон Доерти за нејзината најдолга борба

„ВАКА ИЗГЛЕДА РАКОТ, СЕГА И МЕТАСТАЗИ ВО МОЗОКОТ“: Шенон Доерти за нејзината најдолга борба

ЊУЈОРК Е НА ВРВОТ, СТАНА НАЈСКАП ГРАД НА СВЕТОТ ЗА СТРАНЦИТЕ: Го надмина Хонг Конг кој четири години беше на врвот

ЊУЈОРК Е НА ВРВОТ, СТАНА НАЈСКАП ГРАД НА СВЕТОТ ЗА СТРАНЦИТЕ: Го надмина Хонг Конг кој четири години беше на врвот