Објавени аудио-снимки од Ден Дончев
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2020
„Ден Дончев: Зоки ми даде пас!
Слушнете како Заев и Дончев биле тандем за рекетирање на фирми,
а несебично им помагал и Медарски, адвокатот на Заев! .., а Венко дали знаел?!“, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
На неговиот профил на Фејсбук сподели аудио-снимка, на која може да се слушне од Ден Дончев како наводно адвокатот Медарски наводно од нив бара да не се испраќа инспекција кај инвеститор кој тој го застапувал. Видеото го постирал Али Баба Тредичи.
Од аудиото се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, кој самиот Дончев тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција.
Во разговорите може да се слушне како Дончев ја координира инспекцијата на „Дијамед“, дијализниот центар кој беше вмешан во скандал по продажбата на концесијата со повеќе милиони евра.
За потсетување Вера Иванова, бизнисменката која го продаде „Дијамед“ на шведска фирма со се 20-годишна лиценца за дијализа, пред неколку месеци поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Адвокатот на Иванова тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата.
Интересно е што бомбите откриваат дека Ден Дончев посочува дека поранешниот министер и вице премиер Никола Тодоров го имаат договорено за сведок во случајот „Диамед“.
Инаку Ден Дончев си поднесе оставка пред неполн месец, а според тврдењето на Заев тоа било сторено поради наводни здравствени причини.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.