Објавени снимки од Заев, тој вика дека истите му направиле реклама
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2020 19:42
Аудио-записи од разговор кои претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги води со анонимен соговорник се појавија на видео платформата „ЈуТјуб“ за кои на социјалните мрежи се тврди дека е на поранешниот премиер и на уште едно машко лице, пишува Инфомакс, од каде тврдат дека записите им ги доставил анонимен свиркач.
Додаваат дека разговорот е воден во угостителски објект и дека Заев во еден момент за извесни граѓани вели „ебем ти таков народ“ затоа што не гласале за тогашната опозиција на парламентарните избори во 2016. Според разговорот може да се претпостави дека комуникацијата се одвивала пред четири години.
„После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови“, одговори Заев на ова на Фејсбук.
Записите се објавени еден ден откако вчера излегоа четири аудиоснимки на кои се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, кој е осуден на три години затвор за аферата „Рекет“.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




