30 Јуни, 2024
0.0353

„Објект од загадувачка индустрија се гради на осумдесет метри од изворот на вода за пиење“: Левица за градбата во подножјето на Беласица

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Политичката партија „Левица“ регира дека во близината на планината „Беласица“, на местото кај Смоларски мост, на подножјето на планината, на влезот од село Смолари, КО 40/4  подолго време молкум се гради „таинствен” објект на општинско земјиште. 

- Нема никаква табла за тоа што се гради, кој е инвеститорот, кој е изведувачот. Документи во врска со објектот сè уште не се доставени и дадени на увид и по неколкукратното барање од страна на советниците од Општина Ново Село. Локалното население се сомнева дека се гради објект за загадувачка индустрија без поседување на соодветна документација - пишува во соопштението на „Левица“. 

Од јавно достапниот линк од Седницата на Советот на Општина Ново Село,

на прашање за називот на издадената дозвола за градба на објектот, Градоначалникот избегнува одговор и без прецизирање вели: „Производствен погон за обработка на алуминиумски одливци и легури”.

- Помеѓу месното население се шпекулира дека еден од двајцата  инвеститори е близок со ДУИ, а Kaja Шукова, како министер за животна средина од СДС, ја одобрила градбата.
Постојат сомневања дека објектот е од Г-1 загадувачка индустрија, на место каде е дозволено да се гради Г-2. Законот предвидува дека објекти од Г-1 индустрија може да се градат на оддалеченост од најмалку 5 км од населено место. Според загрижените граѓани, оваа градба се наоѓа на осумдесет метри од изворот на вода за пиење со кој се снабдува Ново Село - посочуваат од „Левица“. 
Од партијата исто така напишале дека „од неофицијални извори се споделува дека и градежниот инспектор од Општина Ново Село, кој не сакаше да потпише дозвола за градба, е трансфериран да работи во друга општина, а на негово место е испратен друг градежен инспектор кој ја потпишал градежната дозвола“. 
- Тоа што документите поврзани со овој објект се кријат од очите на јавноста, само го зголемува сомнежот за политичка вмешаност во истиот.
Поради тоа, Политичката партија Левица бара документите со овој објект да бидат јавно објавени и да се одговори на прашањата: Kога е издадена дозволата и од каков тип е истата? Дали и кога имало јавна расправа за овие измени во урбанистичките планови? Kој е инвеститор и кој го проектира и изведува објектот? Koја класа на индустрија е класифицирана за објектот? - пишува во соопштението на партијата. 

Воедно од „Левица“ истакнуваат дека стојат на страната на здравата животна средина и обезбедување на квалитетни услови за живот на граѓаните. 
- Ниту еден зелен и чист предел не смее да се уништи на сметка на богатењето на олигарсите! Доколку се потврди дека станува збор за загадувачка индустрија, Левица ќе продолжи да ги поддржува загрижените граѓани - истакнуваат од партијата. 
Фото: Левица

Можеби ќе ве интересира

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово

АВРАМОВСКА-МАДИЌ ЗА ЗАБЕЛЕШКАТА НА ДЕСПОТОВСКИ: Станува збор за многу мал број на гласачи, на ниво на Македонија не се ни околу дваесет

АВРАМОВСКА-МАДИЌ ЗА ЗАБЕЛЕШКАТА НА ДЕСПОТОВСКИ: Станува збор за многу мал број на гласачи, на ниво на Македонија не се ни околу дваесет

ДЕСПОТОВСКИ: СДСМ не смее да дозволи членовите да ги враќа од избирачките места

ДЕСПОТОВСКИ: СДСМ не смее да дозволи членовите да ги враќа од избирачките места

ФИЛИПЧЕ: Целокупниот процес е легитимен, гласањето се одвива мирно

ФИЛИПЧЕ: Целокупниот процес е легитимен, гласањето се одвива мирно

АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Полицијата приведе 9 лица за питачење и 2 за „запуштање и малтретирање на дете“

АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Полицијата приведе 9 лица за питачење и 2 за „запуштање и малтретирање на дете“