06 Декември, 2025
0.0323

ОБНОВЕНО: Наредните денови ќе започне поврат на ДДВ и преку Ајфон

Објавено во: Економија 01 Јули, 2019 11:21

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи денеска објави дека повратот на ДДВ преку Ајфон ќе биде овозможен наредните денови, по реакцијата на дел од јавноста која не може да ги скенира фискалните сметки со апликацијата Apple store.

Како причина се наведува објаснувањето дека се работи за мултинационален телефон. 

- Се работи за посложена мрежа и затоа ќе доцни спроведувањето на апликацијата. Наскоро очекуваме и корисниците на Ајфон да имаат пристап до својата апликација. Службите во сите дирекции се на располагање на граѓаните, а секој на кого му е потребна помош може да се јави кај нас, рече денеска Сања Лукаревска, директорката на управата.

Единствено е познато само дека физичко лице е креатор на апликацијата која УЈП му ја додели на Акцент Дооел да ја изработи.

Од Управата наведоа дека на 36 места од денеска ќе има киоск-апарати и паметни мобилни телефони за скенирање на своите фискални сметки. Пензионери уште рано изутрина пристигнувале во седиштето и подружниците на УЈП за да се распрашаат за проектот.

Од УЈП денеска напоменуваат дека ова е прв проект од ваков тип во регионот и ги повикаа граѓаните да не купуваат од оние трговци кои не издаваат фискални сметки.

Од таму велат дека во декември, при првата исплата, ја очекуваат и првата проценка дали со оваа мерка ќе биде значително намалена и сивата економија.

Н.М.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми

Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми