19 Декември, 2025
0.0647

ОБРАЗОВАНИЕ: Македонското школство на погрешна лента?

Објавено во: Економија 02 Март, 2016 08:53

Добивај вести на Viber

Владата треба да преземе чекори за подобрување на квалитетот на образованието, оценува Светска банка во најновиот извештај за Македонија. Во извештајот се укажува да се обезбеди обука за наставниците во основните и во средните училишта,  како и да се зголеми бројот на часовите кај наставниците во основното образование, што ќе доведе до зајакнување на квалитетот на основното и средното образование. При тоа аналитичарите од Светска банка советуваат дека високото образование може да се подобри преку координација на наставната програма со приватниот сектор и со воведување на капитација за финансирање на високото образование. -Развивањето на стратешка рамка за следење на резултатите од учењето на студентите, особено, ако се комбинираат со детални информации за условите на пазарот на труд, може да обезбеди корисна основа за одлуки за политики, се наведува во извештајот од Светска банка. Трошоците за образование растат, резултатите влошени Светска банка во извештајот укажува дека иако расходите за образованието се зголеми, резултатите се влошени. Според податоците во 2013 година, расходите за образование од 4,1 проценти од бруто-домашниот производ беа највисоки во регионот, но сепак анализата покажала дека показателите на успешноста во образованието се под регионалниот просек. – -Квалитетот на основното и средното образование не е значајно подобрен во изминатите неколку години, мерено според меѓународните тестови. Резултатите од меѓународното следење на квалитетот на математичкото и природонаучното образование (ТИМСС) значително се намалија во периодот помеѓу 1999 и 2011 година и се под нивото на другите земји во Европа. Запишувањето во високото образование брзо се зголемува во изминатите неколку години, меѓутоа ефикасноста на системот за високо образование и понатаму е на ниско ниво, стои во извештајот. Во извештајот се нотира дека придобивките во образовниот сектор биле забележливи во последните неколку години, особено во однос на зголемената стапка на запишување во средно образование и подобрување на физичката и средина за учење во основните училишта. Но сепак, квалитетот на основното и средното образование не е значително подобрен во последните неколку години, според мерењата на меѓународните тестови. Дополнително се забележува дека македонските ученици во однос на вештините заостануваат во споредба со учениците од земјите во регионот. -На пример, на PIRLS 2006, според кој се оценуваат учениците во четврта година од формалното образование во голем број на стратегии за читање и разбирање, малку деца ја постигнаа најниската одредница во Република Македонија (55%) споредбено со сите соседни земји и земјите од ЕУ, кои учествуваа (следниот најнизок резултат беше 83% за Словенија). На TIMSS оценката, со која се тестираат деца во осмо одделение по математика и наука, Македонија рангираше значително полошо во периодот меѓу 1999 и 2011 година, при што просечната оценка по математика падна од 447 на 426, без ниту една друга Европска земја да се рангира полошо. Процентот на македонски студенти кои го постигнуваат минимумот стандард (на "ниската меѓународна одредница”) се намали од 70 проценти на 61 проценти во математика и од 73 проценти на 53 проценти во наука, се наведува во извештајот. Се зголемува бројот на студенти, а работодавците имаат проблем со стручен кадар Светска банка оценува дека уписот во високото образование бележи рапидно зголемување во последниве години, но неговата ефикасност и натаму останува на ниско ниво. -Недостатокот на внатрешни и надворешни механизми за проверка на квалитетот го ограничува унапредувањето на квалитетот и релевантноста на високото образование. Постапките за следење на квалитетот се во голема мера недоволни и треба да бидат подобро усогласени со моменталните случувања во Европа. Одборот за акредитација и евалуација на високото образование е фокусиран само на акредитација на институциите и на студиските програми. Следниот чекор треба да содржи и екстерна евалуација на високообразовните институции, и поврзување на резултатите од евалуацијата со институционалната акредитација, се посочува во извештајот. Според анкетата што ја спровела Светска банка меѓу работодавците, се покажало дека тие се соочуваат со потешкотии во наоѓањето работници со потребните  вештини особено за новосодадените работни места во модерни и динамични компании. -Иако не постојат критични податоци за постигнувањата на студентите во учењето, како и вработувањето на дипломираните кадри, сепак анкетата на работодавачите, спроведена од страна на Светска банка во 2010 година, покажува дека работодавачите и понатаму се соочуваат со тешкотии при ангажирањето на работници кои ги поседуваат бараните вештини, особено за новосоздадените работни места во модерните и динамичните фирми. Постои силна поделеност помеѓу вештините кои ги негува образовниот систем и оние кои се бараат од приватниот сектор, бидејќи компаниите се жалат на недостаток на квалитет и расположливост на посакувани вештини и покрај високата стапка на невработеност, стои во извештајот. При тоа се укажуав дека информациите во врска со пазарот на трудот и резултатите од високото образование се нецелосни и не се директно достапни на заинтересираните страни. Не постојат механизми за редовно собирање и анализа на резултатите од терцијарниот систем, односно дали студентите дипломираат со надлежностите кои се бараат од страна на пазарот на труд и дали тие ќе најдат работа. Дополнително во извештајот се наведува дека нема анкети кои ќе помогнат во предвидување на новите вештини потребни од страна на пазарот на трудот на долг рок или пак кои ќе обезбедат податоци за карактеристиките на компаниите кои нудат работни места во земјата. Светска банка порачува дека подобрување на квалитетот во основното образование може да се постигне преку одржлива инвестиција во наставните средства, преку обуката на наставниците, програми за стимулација слични со грантовите за подобрување на училиштата,  зголемување на бројот на часови на настава, особено во основното образование, кои се значително помалку отколку во другите земји за споредба.Во однос на подобрувањето на високото образование, Светска банка во извештајот порачува да се подобри  координацијата на наставните програми со приватниот сектор, да се воведе систем на финансирање по капитација за високообразовните установи. Т.С

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба