Обука „Како да најдам работа и да ја задржам?“
Објавено во: Економија 31 Мај, 2013 15:50
Секторот за локален економски развој од општина Куманово во соработка со консултантската фирма Гешташлт Солушнс од Куманово ја организира обуката „Како да најдам работа и да ја задржам?“, наменета за невработени лица од општината, а поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка.
Целта на овој проект е оспособување на невработените со вештини и знаења за полесен пристап на пазарот на трудот.
- Обуките започнуваат на 4. јуни годинава во општинската сала за состаноци.На обуката се пријавија над триесетина, главно млади невработени лица, кои ќе проследат шест модули за барање и задржување на работното место, информира раководителот на секторот за локален економски развој,Зоран Павловски.
Предавачи на обуката ќе бидат преставници од секторот за економски развој и од „Гешталт Солушнс“. Младите ќе се обучуваат како да дојдат до информација за добро работно место,како се подготвува апликација,ќе се запознаат со процесот на професионална селекција, ќе се обучат како да остават впечаток при интервјуирањето, а ќе имаат можност да научат и за одредени вештини и развивање на критичко мислење,потребни за идното вработување.По завршување на обуката,ќе бидат доделени и сертификати.
Можеби ќе ве интересира
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




