19 Декември, 2025
0.1809

Обука за стари занаети за невработените

Објавено во: Економија 14 Март, 2016 18:13

Добивај вести на Viber

Обука за стари занаети за невработените е новата мерка на Владата, која денеска ја најави заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Пријавувањето ќе трае до крајот на април годинава. За занаетчиите се обезбедени по 30.000 денари од обучено лице, а обуките ќе траат до шест месеци. Невработените лица кои ќе одат на обука ќе добијат по 6.200 денари месечно за храна, превоз и осигурување за повреда при работа. „Најуспешните или оние занаетчии кои ќе сакаат да се самовработат, оние кои ќе ги завршат успешно обуките ќе добијат сартификат за завршена обука. Оние кои ќе имаат идеја за вработување ќе бидат вклучени во програмата за самовработување, односно ќе им биде доделен грант од 200.000 денари за првите 20 обучени лица“ - вели Спасов. Старите занаети како што се лимари, јорганџии, бочвари, оџачари се барани на пазарот на труд и ова е мотив плус за вакви обуки. „На обуките можат да се пријават сите невработени лица кои се евидентираат во АВРМ и доволно е само да поднесат апликација. По нејзиното разгледување ќе се склучи договор со комората и со изведувачите на обука, а потоа ќе започнат самите обуки“-изјави Влатко Поповски, директор на АВРМ. Во оваа мерка можат да се вклучат и корисниците на социјална парична помош со тоа што, помошта, додека трае обуката нема да се укине и ќе остане во важност се додека лицата кои се обучуваат не одлучат да отворат сопствена компанија или да се вработат.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка