25 Април, 2024
0.0296

ОЧАЕН КВАРТАЛ ЗА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ: Како ќе заврши годината?

Објавено во: Економија 04 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Во текот на третиот квартал годинава, вкупните директни инвестиции во земјата се во вкупна сума од 38,6 милиони евра, пресмета Народната банка. Овој резултат е разочарувачки ако се спореди со скорот од претходниот квартал кога нето приливите како резултат на странски инвестиции беа 207,4 милиони евра. 

Народната банка соопшти дека од почетокот на годината односно од јануари до септември годинава вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 285,6 милиони евра.

„Главно како резултат на реинвестираната добивка која изнесува 196,7 милиони евра и сопственичкиот капитал кој е 113,2 милиони евра, во услови на намалени нето-обврски  врз основа на меѓукомпаниски долг за 24,3 милион евра, стои во анализата на НБРМ

Оваа година секако е подобра во однос на минатата година кога за време на целата година во земјава имаше приливи од странски капитал во вредност од 240 милиони евра.  Минатата година беше пандемиска година, во која поради предизвиците од здравствен аспект настрада и економијата, а реалниот сектор се уште има потреба од фискален стимул за да издржи.  Во вакви околности, сметаат аналитичарите, можеше да се поентира и дел од изгубеното да се компензира со поголеми приливи од странски инвестиции, особено што поради кризата имаше некои поместувања на пазарите и зголемување на атрактивноста на овој регион за западните инвеститори. 

Во 2019 година вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 326,3 милиони евра. Ова е лош резултат ако се споредува со годината пред тоа односно со 2018 година кога имаше своевиден рекод во овој поглед односно во тој период влегоа во земјата странски инвестиции вредни дури 624 милиони евра.

2020 година - 239,8 милиони евра

2019  година  326,3 милиони евра

2018 година   624,49 милиони евра

2017 година  181,73 милиони евра

2016 година  338,43 милиони евра

2015 година  216,72 милиони евра

2014 година   205,14 милиони евра

2013 година   252, 20 милиони евра

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија