ОД 1 ЈУНИ КОМПЛЕКСОТ ПОЧНУВА СО РАБОТА: Објавен е огласот за закуп на „Македонско село“
Објавено во: Економија 29 Јануари, 2025 17:15
Oбјавен е огласот за избор на концесионер за комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, со цел комплексот повторно да почне да работи и се врати на туристичката и културната мапа на Македонија. Комплексот се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторантски дел.
Огласот е поделен на четири дела, односно постои можност различни концесионери да се пријават за закуп на поединечни сегменти на комплексот или за комплексот во целина. Почетната цена за закупнина на целиот комплекс изнесува 240.000 денари, а почетната цена на концесијата на поединечните делови е 44.529 денари, 49.868 денари, 54.839 денари и 91.575 денари.
На законски и транспарентен начин ќе биде одлучено кој во иднина ќе стопанисува со „Македонско село“. Изборот ќе се изврши по пат на електронско јавно наддавање, преку системот кој управува и оперира Министерството за финансии - Управа за имотно правни работи. Закупецот/закупците ќе имаат обврска да ги преземат сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 1.06.2025 година.
Комплексот „Македонско село“ не функционира шест години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби. Во меѓувреме, СОЗР редовно ги подмируваше трошоците за осигурување и обезбедување и практично досегашните финансиски загуби достигнаа сума од околу 350.000 евра.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




