Oд акумулирана добивка до 2008 година „Бетон“ ќе исплаќа дивиденда
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2016 10:01
Собранието на акционери на градежната компанија „Бетон“ донесе одлука за исплата на дивиденда од акумулираната добивка до 2008 година.
“Со оваа одлука се врши распределба на дел од акумулираната добивка до 2008 година и тоа: за исплата на дивиденда во бруто износ од 67.656.880 денари“- пишува во одлуката објавена на Македонска берза.
Исплатата на дивиденда ќе се реализира до 30 септември годинава. Бруто дивидендата по акција изнесува 1.240 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 27 јуни 2016 година. Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда е 30 јуни 2016 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 28 јуни годинава.
Компанијата одлучи да направи распределба на нераспределената добивка од работењето лани во износ од 91.088.998 денари.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




