02 Мај, 2024
0.0242

Од азиска политичка ѕвезда до работ на амбисот: Каде згреши Реџеп Таип Ердоган?

Објавено во: Анализа 08 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Премиерот Реџеп Таип Ердоган кој последниве 10 години ја добива поддршката на турскиот народ, направи круцијална грешка кога помисли дека може да им одзема парче по парче од демократијата на своите сонародници. Најновите случувања во Турција каде што протестите од Истамбул се проширија на 67 од вкупно 81 Турска провинција се показател дека народот не е задоволен од политиката што ја води нивниот премиер. Повеќе од 100.000 луѓе излегоа на улиците да протестираат против сечењето на дрвата во паркот Гезим и изградбата на трговски центар на истото место, но тоа е очигледно само последниот потег, кој ја прели чашата на незадоволството. Иако тој успеа да ја одведе Турција во дваесетте најголеми економии во светот, неодамнешните ограничувања во повеќе сфери, во продажбата на алкохолот и во однесувањето на луѓето, медиумскиот притисок, ја намали неговата популарност и поддршка од народот. По осумгодишниот мандат, во земјата бликна напрегнатоста помеѓу секуларните Турци и западната политика во врска со можното отстапување на секуларниот карактер на републиката. Тој не е диктатор, но Ердоган покажа автократска рака во најнадежната азиска демократија. Но, сликата не беше отсекогаш таква. Кој е Ердоган Поранешниот полупрофесионален фудбалер и дипломиран економист Ердоган во 1994 година е избран за  градоначалник на Истамбул, со што ја добива наклонетоста на граѓаните, бидејќи ги подобри условите за живот и го направи градот позелен и почист. Реформаторскиот дух на харизамтичниот лидер ги освои турските срца. Во 2002 година со лидерската позиција во „Партија за правда и развој“ (ППР) победува на парламентарните избори и во 2003 година стана премиер на Турција. Осврнувајќи се на загриженоста во и надвор од Турција, дека доаѓањето на власт на партија со исламистички корени може да претставува закана за секуларното уредување, Ердоган и другите партиски лидери тврдеа дека ППР нема тајна религиозна агенда, напротив. Што бидна со реформите Тогаш Ердоган ветуваше реформи кои Турција ќе ја направат подемократска и плуралистичка држава и дека имаат про-западна конзервативна програма. И делумно тоа е остварено, особено во економските реформи кои земјата ја донесоа во најбрзо растечките економии во светот. Но, дали сегашната слика е приказ на неговите ветувања?! Се чини дека заборавеноста во власта си го направи своето, па Ердоган, ја прави грешката што ја прават сите лидери кога мислат дека се недопирливи. Се одлепи од луѓето, народот, граѓаните. Мислеше дека технократизмот во реформите, зачинет со отвореното кокетирање со исламизмот е вистинската формула. Но, некаде ја утна работата. Барем така покажуваат деновиве турските граѓани. Или, можеби грешиме, можеби слабоста на турската демократија, сепак, ќе покаже и изнедри нови моменти. Тој сеуште има голем број на приврзаници.  Меѓутоа во ерата на интернет и достапност до голем број на информации од секаде во светот, одземањето на дел од човековите права, срамежливиот шеријатски курс, медиумските притисоци се покажаа како неприфатливи за современите Турци. А, на Европа и на Азија им е потребна современа Турција. Реџеп Таип Ердоган има можност и време да ја сфати пораката на своите сонародници. Но, нема премногу. Ердоган е на потег. Подготви Мартина Андријевска

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад