ОД ДАВОС, ЦРНИ ПРОГНОЗИ: Што би можело да му се случи на биткоинот
Објавено во: Економија 24 Јануари, 2019
Џеф Шумахер, основач на БЦГ Диџитал Вентурес (BCG Digital Ventures), за време на панел дискусија во Давос посочил дека биткоинот би можел да падне на нула.
-Верувам дека ќе оди на нула. Мислам дека тоа е одлична технологија, но не верувам дека тоа е валута. Не се базира на ништо, рекол Џеф Шумахер.
Како што се наведува според податоците на Коинмаркеткап (Coinmarketcap), криптовалутите имаа „дива“ 2018 година, со вредност од над 480 милијарди долари која е избришана од целиот пазар.
Откако постигна рекордно ниво во 2017 година, биткоинот, најголемата криптовалута според пазарната капитализација, драматично опадна. Таа во средата се тргуваше за 3.571 долари.