ОД ДЕНЕСКА НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС: На кафе во кафуле од утре
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2020
Владата ги усвои
препораките на Комисијата за заразни болести, па така од денеска веќе не е на
сила полицискиот час, беше воведен во изминатите два месеца со цел спречување
на ширењето на крона вирусот во земјава.
Согласно препораките на Комисијата, кафулињата ќе отворат од утре, но се уште е неизвесно кога земјава ќе ги отвори границите. Како што беше наведено на прес конференцијата, земјите од соседството ќе направат заедничка оценка кога да се пристапи кон овој чекор.
Исто така, Владата одлучи и да се укине карантинот за сите кои ќе се вратат во земјава, а луѓето кои моментално се во некои од државните карантини може да заминат, но претходно треба да направат тест за коронавирусот. Тоа еќ биде на нивна сметка.
Од понеделник на работа се враќаат и административците кои до сега работеа од дома. Ослободувањето на мерките следува по анализи и проценки на Комисијата за заразни болести дека епидемијата е ставена под контрола, што потврди и министерот за здравство Венко Филипче.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.