25 Ноември, 2024
0.0296

Од денеска повисоки царини за компонентите: Државата без слух за инвеститорите

Објавено во: Економија 01 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Владата нема слух за странските компании со технолошки напредно производство од кои повеќето работат во зоните и генерираат голем дел од нашиот увоз. Од денеска практично не важат автономните мерки со кои во претходните шест месеци тие увезуваа со пониски царини – од сега царинските стапки се враќаат на старо, а никој од Владата, и покрај настојувањата не ги удостои ни со одговор. Станува збор за 12 производи за кои досега, а со посебна владина одлука царините беа преполовени за период од шест месеци односно од почетокот на годината до 30 јуни. Тоа намалување истекува сега во време кога пандемијата со Ковид-19 сериозно ја погоди економијата па и овие компании. Фактор го има Барањето на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство пратено до Владата, до министрите за финансии и за економија. Во него се образложува зошто автономните мерки и пониските царински давачки за овие производи треба да важат и за следните шест месеци, како привремено решение за да се зајакне конкурентноста на компаниите ки што произведуваат технолошки напредни производи. На ваков начин, според нив ќе се придонесе за поголема атрактивност на земјата при привлекување на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори. Компаниите инаку бараат изедначување на царинските давачки за овие компоненти со тие во Европската Унија.

„Како држава имаме поголеми царини за увозот на многу компоненти што се потребни за производство на технолошки напредни производи од оние кои се применуваат за увоз од трети земји. Ова ја прави земјата неконкурентна како локација за инвестиции во споредба со другите земји членки на ЕУ и земјите д регионот и дополнително ги прави неконкурентни македонските производи, велат од Асоцијацијата.

Во услови на пандемија и во време кога се најавени промени во глобалните синџири на добавувачи, инвеститорите сметаат дека е неопходно дополнително намалување на царинските стапки.

Инаку во Македонија нема домашни компании кои произведуваат компоненти кои се вградуваат во производите кои се извезуваат од земјава и се увезуваат од земјите членки на ЕУ, но и често од земји како Кина, Јапонија и други земји од Далечниот Исток, кои не се членки на ЕУ и при увоз од овиеземји во Македонија се плаќаат непотребно високи и нелогични царини.

Ова барање е надополнување на нивното барање за воведување автономни мерки за укинување на одредени царински давачки врз основа на кое се донесе Одлуката со која стапките на 12 производи се наамлени за 50 отсто до крајот на јуни годинава.

Инаку Владата доста зборува за странски капитал ама со ваквиот однос докажува дека малку води грижа за инвеститорите, а тоа го тврдат и самите.

Анализа на стапките на производите кои се увезуваат и с екомпоненти за производство покажува дека царинските давачки кај нас се двојно повиоски од тие во Унијата. Според правилата треба да се изедначат дури со влезот во ЕУ што е лошо поради намалувањето на конкурентноста на домашното производство.

Александра Томиќ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување