15 Декември, 2025
0.1880

Од Дубаи за Мумбаи: flydubay воведува нова линија

Објавено во: Мои пари 28 Јули, 2014 18:36

Добивај вести на Viber

Авиокомпанијата flydubai, со седиште во Дубаи, денес го најави лансирањето на летовите за Мумбаи, зголемувајќи го бројот на дестинации опслужувани од превозникот до Индија на вкупно 7 со 25 лета неделно. flydubai во јуни двојно ја прошири својата мрежа во Индија со летовите за Делхи, Кочи и Тривандрум. Новите летови се резултат на проширените билатерални договори што во последните 12 месеци ги потпиша Индија со Дубаи. Почнувајќи од 28 октомври 2014 година, flydubai ќе оперира со пет директни летови неделно меѓу Интернационалниот аеродром во Дубаи Терминал 2 и Чатрапти Шиваџи, Интернационалниот аеродром во Мумбаи, додека истовремено ја зголемува фреквентноста на летовите за Делхи на пет неделно. Коментирајќи ја веста, Главниот извршен директор на flydubai, Гаит Ал Гаит изјави: „Индија и Обединетите Арапски Емирати делат блиски релации низ историјата и се динамични трговски партнери. Возбудени сме што и понатаму придонесуваме за дополнителен раст на патувачкиот и трговскиот сегмент преку лансирањето на нашите летови за Мумбаи.“ Според извештаите издадени од Генералниот Конзулат на Индија, трговската размена меѓу Индија и ОАЕ во 1970 е проценета на 180 милиони американски долари годишно, а денес е процената на повеќе од 44 милијарди УСА долари, со што ОАЕ стануваа еден од најголемите трговски партнери на Индија. Судхир Средхаран, Постар заменик комерцијален претседател (Голфските земји, Субконтинентот, Африка) за flydubai изјави: „Среќни сме што го гледаме напредокот направен оваа година кон зајакнување на трговските, патувачките и туристичките врски меѓу Дубаи и Индија со зголемување на капацитетите меѓу овие пазари. Летовите на flydubai за Мумбаи, Делхи и пет други дестинации на овој пазар ќе овозможат повеќе опции за патниците од Индија да се поврзат преку ефикасниот авијациски центар на Дубаи до другите дестинации од нашата мрежа. Нашата неодамна лансирана бизнис класа сега е достапна на сите наши нови дестинации за Индија, Делхи, Кочи, Мумбаи и Тривандрум.“ Со додавањето на Мумбаи, flydubai изгради мрежа од 76 дестинации во 37 земји. Авиопревозникот поседува флота од 38 авиони и оперира повеќе од 1100 летови неделно во радиус од пет и пол часа од Дубаи. Детали за летовите: flydubai ќе оперира пет пати неделно помеѓу Дубаи и Мумбаи, почнувајќи од 28 октомври 2014 година. Летот FZ445 ќе полетува од Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 22:40 часот по локално време, пристигнувајќи на Чатрапти Шиваџи Интернационалниот аеродром во 03:00 часот по локално време. Летот FZ446 ќе полетува Чатрапти Шиваџи Интернационалниот аеродром во 04:00 часот, слетувајќи на Дубаи во 06:00 часот по локално време. Билети во два правци Повратните билети за Економска класа до Мумбаи ќе започнуваат од 185 ЕУР, вклучувајќи 20 килограми багаж за чекирање, додека повратните билети за Бизнис класата ќе започнуваат од 499 EУР, во кои се вклучени сите такси, како и 40 килограми чекиран багаж.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија