Од Идризово во Шутка - Вработен во затворот приведен за одгледување марихуана
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2016
Вработен во затворот во Идризово е притворен под сомнение дека одгледувал марихуана. СВР Скопје на Г.С.(40) му поднесена кривична пријава за две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Се сомнева дека неовластено набавил семки од канабис и истите ги насадил и одгледувал во својот дом, каде исто така неовластено држел оружје и експлозивни направи една бомба кашикара и две парчиња динамит.
За сторените кривични дела предвидени и казниви по член 215 и 396 од КЗ, Судија на претходна постапка на Г.С. му изрече мерка- домашен притвор во траење од 30 денови.