18 Декември, 2025
0.0433

ОД ИНДИСКИОТ СОЈ ВО БРИТАНИЈА ПОЧИНАЛЕ 42, ОД КОИ 12 ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ ЛУЃЕ: Делта варијантата станува доминантна

Објавено во: Свет 11 Јуни, 2021 15:12

Добивај вести на Viber

Повеќе од 90% од случаите позитивни на ковид во Велика Британија сега се од варијанта Делта, која е откриена за прв пат во Индија, откриваат податоците, бидејќи вкупниот број на потврдени случаи поминал 42,000

Позната и како Б.1.617.2, варијантата Делта е поврзана со пораст на случаите во Велика Британија во изминатите недели. Се верува дека се шири полесно од алфа варијантата, Б.1.1.7, која за прв пат е откриена во Кент, и е нешто поотпорна на вакцините против ковид, особено по само една доза. Се поврзува и со поголем ризик од хоспитализација, пишува британски Гардијан.

Сега, Институтот за јавно здравје на Англија (PHE) открива дека до 96% од новите случаи на Ковид во Велика Британија ја вклучуваат варијантата Делта и дека има околу 60% зголемен ризик од пренесување во домаќинствата во споредба со алфа варијантата.

Извештајот понатаму открива дека случаите на вирусот се удвојуваат помеѓу секои 4,5 и 11,5 дена, во зависност од регионот, додека досега потврдените случаи се зголемени од 29.892 на 42.323.

Д-р Џени Харис, шефицата на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство, апелира до граѓаните да се вакцинираат.

-Со зголемувањето на бројот на позитивни случаи со Делта варијанта низ целата земја, вакцинацијата е наша најдобра одбрана“, изјави таа, истакнувајќи дека две дози обезбедуваат значително поголема заштита од една доза.

-Сепак, иако вакцинацијата го намалува ризикот од тешка болест, таа целосно не го елиминира, додава Харис.

Од 7. јуни потврдени се 42 смртни случаи во Англија од Делта варијантата, од кои 23 биле невакцинирани, седум ја примиле првата доза, а 12 ги имале примено двете дози.

ФОТО: Geoffrey Swaine/Rex

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина