ОД КОНФЕКЦИЈАТА ТИ СТАЈЛ УШТЕ 4 ПОЗИТИВНИ: Градот Штип презема мерки за заштита за да не излезе заразата од контрола
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2020
Уште четворица вработени во
штипската конфекциска фабрика Ти Стајл се позитивни на корона вирусот, а се
чекаат резултати на уште неколкумина работници, потврди за Фактор,
градоначалникот Благој Бочварски. Еден од тестираните е негативен на Ковид-19,
вели тој, нагласувајќи дека градот ги презема сите мерки за безбедност и
заштита од инфекцијата. Бочварски се надева дека и по укинувањето на
полицискиот час, граѓаните ќе останат дисциплинирани и совесни.
-Во моментов имаме 75 луѓе во самоизолација. Бројот не е за занемарување, но на почетокот на епидемијата таа бројка изнесуваше дури 250. Јас сум навистина презадоволен што граѓаните на Штип, првиот удар на пандемијата го дочекаа многу дисциплинирано. Апелирам и се надевам дека и сега нивното однесување ќе биде на ниво на задачата, бидејќи, како што и до сега многупати каѓувавме, тоа е и за нивна безбедност и за безбедност на најблиските. По појавата на заразени во конфекциската фабрика, ние реагиравме навистина брзо. Веќе поделивме 500 заштитни маски на вработени во штипските конфекции, а истовремено, градот започна со дезинфекција на влезовите на фабриките, изјави за Фактор Бочварски.
Тој вели дека Градот Штип се понудил доколку е потребна помош, да направи и дезинфекција на превозните возила со кои патуваат работничките до фабриките, но како што вли, станува збор за големи превозници-компании кои тоа сами го прават.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.