Од контрола на 30 продавници на Пластичарска, 28 не работеле со фискални сметки
Објавено во: Економија 28 Април, 2023 13:26
Управата за јавни приходи на денешниот брифинг ги сублимираше заклучоците од контролите на продажните објекти на булевар Никола Карев, познат кај скопјани како „Пластичарска улица“ во текот на месеците јануари и март годинава.
Ори контролата во месец јануари, од 30 проверени продажни места, УЈП констатирал дека дури кај 28 од нив не издавале фискални сметки, односно немале фискален апарат и не воделе книговодство.
Сликата нешто била подобрена при контролата во март, кога од проверени 37 продажен објект, кај 25 од нив биле констатирани неправилности на неуредно сметководство и неиздавање на фискални сметки.
- Во меѓувреме три продавници се поправиле во своето однесување, но генерално треба да се даде време и можност да се подобри работењето, информираат од УЈП на денешниот брифинг со медиумите.
Од изминатиот период на акциски контроли, бил проверуван и јавниот здравствен сектор. Од 10 проверени клиники во комплексот „Мајка тереза“, дури четири од нив не издавале фискални сметки. Било проверувано и работењето на поликлиниките во рамки на Здравствен дом - Скопје. Таму од 13 контроли, било заклучено дека 4 поликлиники не уздавале фискални сметки.
Биле проверувани и приватни здравствени установи во Гостивар, каде што од 16 контроли, кај две имало неправилности.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




