Од Левица се згрозени од несериозното однесување на народните избраници
Објавено во: Македонија 30 Март, 2017 13:25
Од партијата Левица велат дека се згрозени од несериозното однесување на народните избраници во Парламентот.
Левица бара од пратениците да се вразумат и конечно да почнат да работат во интерес на огромното мнозинство осиромашени и обесправени граѓани.
Од партијата велат дека според нив ниту неодамна објавениот „патоказ“ на ВМРО- ДПМНЕ ќе помогне за да се надмине ќорсокакот во кој се наоѓа нашето општество, а ниту пак предлогот на ДУИ и СДСМ за собраниски спикер, Талат Џафери, е во насока да добиеме функционален Парламент.
„Пратеници, имајте на ум дека довербата што ви ја дадоа граѓаните на изминатите избори не е трајна! Досега, со ништо не ја оправдавте. Ниту имавте доблест да ги донирате трите дебели незаработените плати, а ниту пак откако седнавте во собраниските фотелји нешто сработивте во интерес на народот“- стои во соопштението од Левица.
Од партијата соопштија дека според нив граѓаните очекуваат час поскоро да почувствуваат подобрување на нивната економска состојба, а наместо тоа пратениците им приредуваат политички магли и замајувања.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




